Објавено на 5 јули 2021 година од Il Grido del Popolo©
По не знам кој пат уште еднаш на дело се покажа сервилноста и индолентноста кои со неодолива леснотија ги манифестираат државните институции и нивните претставници во време на криза. Имено, деновиве поради бранот на енормни жештини кој го зафати јужниот дел на Балканот, кај нас и во регионот беснеат стотици пожари. Земјата повторно е исправена пред голем предизвик исто како во минатото, додека одговорните ја префрлуваат топката од едно место на друго. Па зарем не е тоа земјата која како 30 членка на НАТО држи лекции по вијабилност, компатибилност и операбилност на своите одбрамбени системи на своите соседи? Пред јавноста без и малку срам и доблест се изредија неколку одговорни функционери од институции кои би требало да бидат столбот на системот преку кој треба да се менаџираат кризи во даден момент, со паушални изјави надвор од здравиот разум.
Фото: Стојанче Ангелов во показна вежба изнад кањон пред камерите / извор: Internet
Секако меѓу нив предничи првиот човек на Центарот за управување со кризи – ЦУК, црепот Стојанче Ангелов, кој недостатокот од адреналин го надополнува со наместени „акции“ со посредство на медиумите, често пати пред камерите на државната агенција МИА, која патем е платена со пари од грбот на граѓаните. Овој фанатик на кој сеуште никој не му кажал дека е време да се тргне од пред тв екраните поради неговото арогантно однесување, покрај тоа што е зависник од адреналинска акција, тој е и ноторен лажго, во најлош случај патолошки лажго без грам срам. И како што рекол еден од татковците на психоанализата Зигмунд Фројд: „првиот знак на човековата глупавост е потполно отсуство на срам“. Можеби пак црепот и не е свесен за својата интелектуална попреченост и ментална ограниченост.
Фото: македонски Air Tractor 802 A Fire Boss во акција при гаснење на пожар / извор: tangosix.rs
Столе керамидата деновиве без срам и перде изјави како: „ние сме имале само два авиона, и тие не можеле да наполнат секаде вода, како и тоа дека количината на вода која ја собираат била многу помала од онаа која може да ја понесат хеликоптерите.“ По мислењето на црепот, или некој така му кажал, „авионите кои ги поседува државата биле принудени да полнат вода со црево, што било многу спор процес, за разлика од хеликоптерите на АРМ кои можеле да полнат вода на секоја отворена површина која е доволно длабока, а такви имало многу во Македонија.“ Замислете, црепот кој раководи со така важна институција каква што е ЦУК, несвесен за својата интелектуална попреченост, си дозволува слободно да интерпретира технички карактеристики на воздухоплови, за кои притоа ништо не прочитал во неговиот интелектуално сиромашен живот, а камоли пак да видел како изгледаат во реалноста овие летала.
Фото: македонски Air Tractor 802 A Fire Boss во акција на гаснење пожар / извор: tangosix.rs
Имено, колку за информација на црепот Стојанче, трите авиони Ер Трактор (кои се патем приземјени поради НЕсервисираност) Air Tractor AT 802 A Fire Boss од американско производство, со регистарски ознаки Z3 – BGT, Z3 – BGU и Z3 – BGV, можат да понесат 3066 литри вода наполнета од отворена површина (езеро, акумулација, река) за разлика од армиските хеликоптери кои се опремени со ведра со капацитет помеѓу 2000 и 2500 литри вода. Сепак запремнината и на овие воздухоплови е далеку помала од онаа на авионите Канадер (Canadair) од канадско производство која изнесува околу 5500 литри вода. Авиони (кои патем Македонија не ги поседува) кои меѓу останатите ги спомена и портпаролот на ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој како и по обичај апла неинформиран во манири на ефтин популизам пред избори изнатресе куп зелени, а притоа никој не му забележи на изнесените небулози.
Фото: Стојанче Ангелов и Радмила Шеќеринска во “координација” околу кризата со пожарите / извор: ЦУК
Исто како во случајот со Наум од Центарот за пропаганда и дезинформации на ДПМНЕ, така и во случајот со црепот Стојанче додека тој се бламираше со паушални изјави во јавноста, никој не се одважи да му укаже дека лаже, дека безочно лаже, или пак во најлош случај има проблеми со попреченост во развојот. За да биде трагедијата уште поголема, во целиот овој циркус се вклучени уште некои (не)упатени во материјата, како госпоѓата министерка Радмила Шеќеринска, која е во предклимактеричен транс после влегувањето на Северна вукојебина Македонија во империјалистичкиот НАТО пакт, кој патем експресно реагираше преку една негова членка која благодарение на системот за превенција на овој „солидарен“ сојуз ни испрати на помош една „дивизија“ пожарникари во војната со огнената стихија и пожарите кои се патем сите без исклучок подметнати. God bless Матеја Тонина ин његове фантје!
И така триесеттата (со букви) членка на НАТО, чии војници рамо до рамо маршираат заедно со останатите окупаторски армии на окупираните низ слободарскиот свет, повторно се ставени на испит, демонстрирајќи одважност, посветеност и капацитет во справувањето со кризни ситуации во мирновременски услови. Што ли би се случило ако некој не нападне со намера да не окупира, можете само да си представите. Ако до пред некоја година беа испратени на јужната граница од државата да се справуваат со мигрантската криза и напливот од бегалци во стари чизми, војниците на АРМ денес имаат привилегија со нови чизми да се пробиваат низ пламените јазици, и сето тоа благодарение на Фрау Рада. Јадна Рада, не знае ни матерка за вода што е, а кобајаги инжинер по професија. Тешко на овој народ со вакви политичари и државни функционери кои станаа политички метузалеми.
И за крај би се вратил повторно на колекционерот на скршени цигли со глава, црепот Стојанче, бидејќи нема да пишувам за капацитетите со кои располагаат противпожарните служби во државата, затоа што деновиве се е кажано и напишано во врска со тоа, знаејќи дека сме земја со најстара опрема во регионот и во Европа, со просечна старост колку што ни е стара и државата, како и за недостатокот од персонал во еден од примарните системи во државата. Овој интелектуално закржлавен грев кој многу сака да се слика и говори пред камера, и понатаму се обидува да банализира, дезинформира и релативизира. Затоа Столе хероју од нашата улица, олади малку брате, појди до Дојран, намачкај се троа со кал за да не те гледаме повеќе и скрши некоја цигла на плажа, кога веќе не можеш да скршиш глава. Остави не Стојанче, немој повеќе да не спасуваш жити се, сами ќе се снајдеме, со метли, лопати, секири што ќе најдеме по дома. Само брате Стојанче дај скини се с ку*ца, пардон, с малих екрана, јер нам је пун кофер твојих небулоза. А и дојадио си брате, и Богу и народу!
Автор на текстот Гордан Стошевиќ