Објавено на 15 октомври 2020 од Il Grido del Popolo©
Критичка мисла на Александра Колонтаи во вид на политички памфлет објавен во 1909 година.
Во секој случај, нели “слободниот избор на партнер” веќе се практикува меѓу работничката класа исто така се практикува толку екстензивно при што буржоаската класа не еднаш има алармирано и агитирано против “порокот” и “неморалноста” на пролетеријатот? Треба да се земе во предвид аспектот од страна на еманципираните жени буржуи, да се потенцира фактот дека феминстките во ентузијастички занес и воодушевување поради новите форми на кохабитација надвор од бракот тие зборуваат за “слобден избор на партнер”, но кога се дискутира за пролетеријатот овие релации се реферирани со презир и гадење како “неуреден сексуален однос”. Ова го сумира нивниот став.
Но за жените пролетери во сегашно време сите релации, било да се благословени од црквата или не, носат еднакво тешки последици. Најкруцијалниот проблем на семејството и бракот за жената и мајка пролетер не се наоѓа во прашањето на светињата или секуларната екстерна форма, се наоѓа точно во сервијанството кон социјалните и економски услови кои ги диктираат комплицираните обврски на работничките, секако дека неа и е од суштествено значење дали нејзиниот сопруг има право да се ослободи од нејзиниот профит, дали тој има законско право да ја принуди да живее со него против нејзината волја, дали сопругот може насилно да и ги одземе децата итн…
Секако, не се детерминантни параграфите на граѓанскиот код што ја детерминираат позицијата на жената во семејството, ниту пак овие параграфи кои само ја согледуваат конфузијата и комплексноста на семејниот проблем. Прашањето за релациите ќе престане да биде толку болно за мнозинството жени, само ако опшеството ги ослободи од сите тие ситни домаќински работи што сега се неизбежни (со оглед на постоењето на индивидуални, и дисинтегрирани домашни економии), да завземе одговорност за помладите генерации, ги заштити трудниците и им даде право на мајките да бидат со своите деца барем еден месец после раѓањето.
Наспроти легалниот и свет црквен брачен договор, феминистките се борат за фетиш. Од друга страна, жените пролетери водат борба против факторите кои стојат позади модерната форма на бракот и семејството. Стремејќи високо за фундаментална промена на условите за живот, истовремено знаат дека ова влијае врз реформирање на релациите помеѓу половите. Овде ја имаме главната разлика помеѓу буржоаските и пролетерските пристапи кон проблемот за семејството.
Феминистите и социјалните реформистки од камповите на бужоазијата наивно веруваат во можноста да се креира нова форма на семејство и брачни релации, одејќи контра темните позадини на модерниот класен систем се врзуваат себеси во чворови низ нивните барања за овие нови форми. Ако самиот живот не ги продуцирал овие форми досега, тие мислат дека е потребно да се визуализираат и да се измислат без разлика на цената која би се платила. Тука тие мислат и веруваат преку модерни форми на сексуални релации, дека се способни да го решат комплексниот проблем на семејството во модерниот социјален систем. Идеолозите на буржоаските кругови-новинарите, писателите и истакнатите жени борци за еманципација една позади друга ја промовираат нивната “домашна аптека”, нивната нова “семејна формула”.
Колку утописки овие брачни формули звучат. Колку кревко и слабо овие палијативи изгледаат на светлоста на мрачната реалност на нашата модерна семејна структура. Пред овие формули на “слободни релации” и “слобода на избор на партнер” да почнат да се практикуваат, повеќе од мандаторна е потребата од фундаментални реформи на сите социјални релации кои се случуваат помеѓу луѓето; потоа, моралните и сексуални норми и целокупната психологија на човештвото треба да помине низ темелна еволуција, дали модерната индивидуа е способна да се справи психолошки со “слободниот избор на партнер”?
Што со љубомората која го јаде дури и најдобриот човек? Што со тоа длабоко вкоренето чувство на припадност, кое не бара само да го поседува телото туку и душата на другиот? Што со неможноста да се има искрен респект за индивидуализмот на другиот? Навиката или да се субординира единката спрема љубениот, или да се субординира љубениот кон единката? И што со горчливото и очајно чувство на дезертерство, на бесконеча самотија, која се искусува кога едниот веќе престанува да чувствува нешто спрема другата индивидуа и заминува? Таа осамена индивидуа ќе пронајде ли утеха? Колективот, со своите радости и разочарувања и аспирации, е најдобриот излез за емоционалните и интелектуалните енергии на поединецот.
Но дали модерниот маж е способен да работи во ваков колектив на таков начин што ќе ги чувствува меѓусебните инфлуенции? Дали колективот е навистина способен, сега да ги промени индивидуалните лични сатисфакции? Без “уникатот” “една и единствена” сродна душа, дури и социјалистот, колективистот е осамен во сегашниот антагонистички свет; само во работничката класа ние го гледаме бледиот отсјај на иднината, похармоничен и со повеќе социјални релации помеѓу луѓето.Семејниот проблем е многу комплексен и орнаментиран како и самиот жвотот што е. Нашиот социјален систем е неспособен да го реши тоа.
Поинакви брачни формули се втурнати сега. Неколку прогресивни жени и популарни интелектуалки брачната унија ја гледаат само како метод за продуцирање на потомство. Бракот за ним нема некоја специфична валуација за жената-потомството е нејзината единствена и света цел, нејзината животна задача. Благодарение на ваквите инспиративни адвокатки како Рут Бреј и Елен Кеј, буржоаскиот идеал кој ја признава жената како жена наместо како личност се здоби со еден ореол на прогресивност. Странската литература го завзеде слоганот кој го проповедаа овие напредни жени со голем ентузијазам. И дури и тука, во Русија, во периодот пред политичката бура (1905), пред да се ревидираат социјалните норми, прашањето за потомството го имаше окупирано целосното внимание на дневните весници. Слоганот “право на потомство” не може а да не продуцира ентузијастички одговор и во најшироките кругови на женската популација. Така да без разлика на фактот дека сите сугестии на феминистките во релација на ова беа од утописки вид, проблемот беше премногу тематски актуелен за да не ги привлече жените да се приклучат.
“Правото на потомство” не е прашање што допира само до буржоаските кругови, туку и во поголем размер ги вклучува и жените пролетери. Правото да се биде мајка-ова се позлатени зборови кои удираат директно во целта во “срцето на секоја жена” и прават истото да бие забрзано. Правото да храни “живот” дете со сопственото млеко, и да биде присутна на првото будење, и знаци на будење на свеста, правото да се грижи за неговото малечко тело и да ја штити неговата кршлива и нежна душа од трнливите и агонизирачки први чекори кои ги прави низ животот-која мајка нема да даде поддршка на овие барања?
И повторно изгледа наидовме на проблем кој може да служи како момент за унија помеѓу жените од различни класни слоеви; се чини дека, конечно го најдовме заедничкиот јазик мостот кој ги обединува жените од двете непријателски класи. Но да погледнеме уште поблиску, да откриеме што всушност прогресивните жени буржуи подразбираат под поимот “право на потомство”. Тогаш можеме да увидиме дали во суштина жените пролетери може да се сложат со солуциите на проблемот за потомството кои се визуализирани од страна на либералните буржујки. Во очите на овие жедни апологети, потомството добива едно свето значење. Борејќи се да ги искорнат предрасудите кои ги етикетираат жените кои се впуштаат во инстиктивни активности-затруднување-бидејќи инстинктивната активност не била канонизирана од страна на законот, тие борци за правото на потомство го свртија погледот во друга дирекција; па за нив потомството стана животна цел…
Посветеноста на Елен Кеј на обврските кон потомството и семејството ја присилија да даде некаква сигурност дека изолирана семејна унија ќе продолжи да постои дури и во социјалистичко трансформирано опшество. Единствено нешто кое би се променило како што тврди таа,би биле сите придружни елементи на комфорт или материјалните добра ќе бидат исклучени надвор од бракот, што би било заклучно според заедничките тенденции, без никакви формалности или ритуали- љубовта и бракот би биле идентични.
Но изолираната семејна унија е резултат на модерниот индивидуалистички свет, со својот фрустрирачки брз начин на живот, притисоци, самотија; семејството е само продукт на капиталистичкиот систем. И сепак Кеј се надева да го трансферира семејството во социјалистичко опшество! Во периоди на тешкотии и несреќи, крвната поврзаност и роднинските врски често служат за прибежиште како единствена потпора. Дали тие би биле социјално и морално потребни во иднина? Кеј не дава одговор на ова прашање. Таа гаи преголема љубов и поврзаност кон “идеалното семејство”, оваа егоистична унија на средната буржоаска класа на која таа и се посветува со огромен поклон од буржоаски аспект и поглед на опшеството.
Но не е само талентираната но нерелијабилна Елен Кеј која се губи самата себеси во вакви социјални контрадикции. Не постои друго прашање освен она за бракот и семејството по кое социјалистите се во толкава контрадикција. Дали семејството изумира? или пак постојат некои веродостојни аргументи дека семејниот хаос во сегашноста е само транзитна криза? Дали сегашната форма на семејството ќе биде презервирана сочувана и во идното опшество, или ќе биде затрупана и заборавена со модерниот капиталистички систем? Ова се прашања кои може да добијат многу различни одговори..
Со трансферот на едукативните должности од семејството кон опшеството, последната нитка која го држи модерното изолирано смејство ќе биде разнишана; процесот на дезинтеграција ќе продолжи со уште поголема брзина, и бледите силуети на идните брачни релации веќе ќе почнат да стануваат воочливи. Што да кажеме за овие обскурни замачкани силуети скриени од реалноста од денешните инфлуенции?
Дали треба некој да се повторува константно дека сегашната компулсивна форма на брак ќе биде заменета со слободна унија помеѓу две индивидуи кои се сакаат меѓусебно? Идеалот за слободен избор на партнер од страна на гладната имагинација на жените кои се борат за нивна еманципација несомнено кореспондира до некој степен со нормите на релации помеѓу половите кои опшеството ќе ги иницира. Во секој случај, социјалните влијанија се толку комплексни и нивните интеракции се толку различни диверзни па е невозможно да се претскаже какви ќе бидат релациите во иднина, кога целиот систем фундаментално е трансформиран. Но бавната но сигурна еволуција на релациите меѓу половите е видлив и чист доказ дека ритуалниот брак и изолираното семејство се осудени на пропаст и исчезнување.
Борбата за Политичка Рамноправност
Феминистките одговараат на нашиот критицизам велејќи: иако аргументите позади нашите ставови за одбрана на политичките права на жената ви изгледаат погрешни, важна е целта на барањето по себе, која е еднакво ургентна цел за феминистките, но за репрезентативките на работничката класа, со самото тоа е редуцирана? Зарем жените од двата социјални кампуси не можат, во интерес на нивните заеднички политички аспирации, да преминат преку бариерите на класниот антагонизам што истите ги разделува? Сигурно тие се способни да водат борба против хостилните сили кои ги опкружуваат? Раздвоеноста помеѓу буржоазијата и пролетеријатот е неизбежна во однос на сите засегнати прашања, но во случајот на ова специфично прашање, феминистките фантазираат дека со жените од различните социјални слоеви немаат разлики.
Феминистките упорно се навраќаат на овие аргументи со горчина и вчудоневиденост, гледајќи со концептуална предрасуда кон лојалноста на партизаните и нивната одбивност и негација да репрезентите на работничката класа да ги спојат силите со нив во борбата за политичкото право на жената. Дали реално проблемот е во ова?
Дали воопшто е присутен комплетен политички идентитет, или пак антагонизмот опструира креирање на една унифицирана нераскинлива надкласна армија на жени во ваква инстанца како и во сите други? Првично мора да дадеме одговор на ова прашање пред да ги истакнеме тактиките кои жените пролетери ќе ги имплементираат во освојувањето на политички права за нив.
Феминистките се декларираат себеси дека се на страната на социјалните реформи, дури и некои од нив се дрзнуваат да поддржат социјализам но во далечна иднина-но тие не планираат да се впуштат во борбата на ист ранк со работничката класа за да се реализираат овие цели.
Дури и најдобрите од нив веруваат, со некаква невина, наивна искреност дека кога еднаш фотељите на делегатите ќе им се на дофат тие ќе бидат во можност да ги излекуваат сите социјални малигнитети кои од нивна перспектива се развиле поради мажите, со нивниот инхерентен егоизам затоа што биле господари на ситуацијата. Без разлика колку и добри да се намерите на феминистичките индивидуални групи спрема пролетеријатот, секогаш кога прашањето за класната борба е поставено тие исплашени го напуштаат бојното поле. Тие откриваат? дека не сакаат да се вмешуваат во страни каузи, и преферираат да се повлечат во нивниот буржоаски либерализам кој е толку комфорен.
Не, колку и да сакаат буржоаските феминистки да ја потиснат вистинската цел на нивните политички амбиции, колку и да ги убедуваат нивните помлади сестри дека вклучувањето во политичкиот живот носи ветувања за немерливи бенефити за жените на работничката класа, духот на буржоазијата кој преовладува низ целото феминистичко движење им дава на класите различна боја дури и на барањето за еднакви политички права со мажите, кое изгледа дека е генералниот деманд на жената. Различните цели поимања на тоа како се користат политичките права креираат непремостив бран помеѓу буржуите и жените пролетери.
Ова не контрадиктира на фактот дека одредени задачи на двете групи на жени коинцидираат до одреден степен, за репрезентативците на сите класи кои добиле пристап до политичка моќ и се трудат над се да добијат евалуација од граѓанскиот законик, кој во секоја држава дали во големи или во помали пропорции, ја дискриминираат жената. Жените вршат притисок за правни промени кои креираат подобри услови за работа за нив; тие стојат заедно против регулациите за легализација на проституцијата итн. Во секој случај, коинциденциите на овие заеднички цели се од чисто формална природа. Бидејќи класниот интерес е оној кој го детерминира ставот и пристапот на овие две групи кон овие реформи и е многу контрадикторен.
Класниот инстинкт-или како и да го нарекуваат феминистките – секогаш се покажувал дека е многу помоќен отколку благородниот ентузијазам на “над-класна” политика. Па се додека жените буржуи и нивните “помлади сестри” се еднакви во нееднаквоста, првите можат со комплетна искреност да направат големи напори за да ги одбранат генералните интереси на жените. Но кога фасадата ќе падне и жените буржуи добиле пристап кон политичка активност, истите тие бранителки на “правата за сите жени” ентузијастично почнуваат да ги бранат интересите на сопствената класа принудени да ги остават своите помлади сестри без апсолутно никакви права. При што, кога феминистките зборуваат со работничките за потребата од заедничка борба со цел да се реализираат некои “генерални женски” принципи, тогаш жените на работничката класа со право се скептични и не им веруваат.
Извор: Одбрани текстови на Александра Колонтаи
Превод на текстот од англиски јазик Гордана Ристовска