Објавено на 1 октомври 2020 од Il Grido del Popolo©
Говор на Александра Колонтаи на Третата серуска конференција на шефовите на регионалните женски оддели, одржана 1921 година за проституцијата и начини за борба против истата.
Другари, прашањето за проституцијата е деликатен и трнлив субјект кој нема добиено многу внимание во Советска Русија. Ова злобно и вознемирувачко наследство на буржуаскиот капитализам продолжува да ја труе атмосферата во работничката република и влијае врз и го афектира физичкото и моралното здравје на работниците во Русија. Вистината е дека, во тригодишната револуција под притисокот на промените на економските и социјалните услови, природата на проституцијата се промени на некаков начин. Но ние сме сеуште далеку од тоа да се ослбодиме од ова зло.
Проституцијата и денес постои и претставува закана за чувството на солидарност и другарство помеѓу работничките и работниците, граѓаните на работничката република. А ова чувство е темелот и базата на комунистичкото опшество кое ние го градиме и го реализираме. Крајно време е да се соочиме со овој проблем. Време да обрнеме внимание и размислиме за причините кои се кријат позади проституцијата. Време е да најдеме начини и средства за конечно да се ослободиме од ова зло еднаш и засекогаш, за кое нема место во работничката република.
Нашата работничка република досега нема донесено закони за директна елиминација на проституцијата и дури и нема издадено јасна и прецизна научна перспектива и формулација дека проституцијата е нешто кое го деформира колективот. Ние сме свесни и знаеме дека проституцијата е зло, и тоа е рекогнирано во моментов, во овој транзициски период со многубројни проблеми, проституцијата стана екстремно широко распространета. Ние бевме тивки за овој проблем, го тргнавме овој проблем по старана. Делумно ова се случи поради хипокритичните ставови кои ни останаа во наследство од буржоазијата, и делумно поради нашата неподготвеност да опсервираме и земеме во предвид, и да се помириме со штетата што масовно распространетата проституција ја врши врз работничкиот колектив.
Па недостаткот на ентузијазам од наша страна се рефлектираше врз легислативата. Досега ние не донесовме статути кои ја перцепираат, когнизираат проституцијата како штетен соијален феномен. Кога сите стари царски закони беа отповикани од страна на Советот на народни комесари, сите статути во врска со проституцијата беа укинати. Но никакви нови мерки не беа донесени во интерес на работниот колектив. Па затоа политиките на Советските авторитети спрема проститутките и проституцијата беа окарактеризирани со противречности и диверзитети, разновидности. Во некои области полицијата дури и помага во собир на проститутки исто како и во старите денови.
На други места, борделите отворено егзистираат. Меѓусекторската комисија за борба против проституцијата поседува податоци за ова. Но има и други региони каде проститутките се сметани за криминалци и се праќани во камповите за присилна работа. Нашиот недефиниран став во однос на овој комплексен социјален феномен е одговорен за многубројни перверзии и девијации кои се однесуваат на принципите на нашето законодавтсво и морал.
Затоа ние мора не само да се конфронтираме со проблемот на проституцијата туку и да бараме солуција која што ќе биде во однос на принципите и програмата на социјални и економски промени во линија, поддржувани од комунистичката партија. Над се, ние мора првично јасно да дефинираме што претставува проституцијата. Проституцијата е феномен кој што е тесно поврзан со незаработена добивка, и кој што цвета во епоха доминирана од капитал и приватна сопственост. Од наша гледна точка, проститутките се жени кои си го продаваат телото за материјален бенефит за пристојна храна, облека и други комфорти, предности промоции; проститутките се тие кои ја избегаваат потребата од работа со тоа што му се продаваат на мажот, без разлика дали перманентно или привремено.
Нашата Советска работничка република ја наследи проституцијата од капиталистичкото буржуаско минато, кога само мал број на жени беа вклучени во работни активности во националната економија а мнозинството се потпираа на “мажот кој заработува”, на таткото или на сопругот. Проституцијата настапи заедно со првите држави како неизбежна сенка на официјалната брачна институција, која беше дизајнирана само за зачувување на приватната сопственост и да го гарантира трансферот, наследството на имотот-приватната сопственост законски по крвна линија. Брачната институција исто така овозможи да се превенира акумулираното богатство да не биде рафсрлено низ поголем број на “наследници”. Но има голема разлика помеѓу проституцијата во старо Грчката и Римската држава и онаа форма на проституција која е присутна денес.
Во античките времиња бројот на проститутки бил мал, и не постоеше таа хипокризија која сега ја маркира моралноста на буржуаскиот свет и го присилува буржуаското опшество да ја подигне капата во знак на почит кон “законската сопруга” на некој индустриски магнат која очигледно се продала себеси на сопруг кој не го сака, но да го сврти погледот со гадње на друга страна кон некоја девојка која е присилена од сиромаштијата, бездомништвото, невработеноста и други социјални околности кои потекнуваат од постоењето на капитализмот и приватната сопственост. Античкиот свет сметал дека проституцијата е легално надополнување на ексклузивните семејни врски. Апасија (љубовницата на Перикле) била почитувана од нејзините современици значително повеќе отколку безличните жени кои служеле само за репродукција.
Во Средниот Век, кога занаетчистката продукција предоминирала, проституцијата била прифатена како нешто природно и законско. Проститутките имале свои гилдови кои земаа учество во фестивали и локални настани како и останатите гилдови. Проститутките гарантираа дека на овој начин ќерките на респектираните, репутабилните чесните граѓани остануваа чесни-девици а нивните жени верни, затоа што слободните мажи можат за комфорт да се обратат на членовите на гилдот. Тогаш проституцијата беше корисна за богатите граѓани и тие отворено ја прифаќаа.
Со растот на капитализмот, дојде до промена на сликата. Во деветнаесетиот и дваесеттиот век за прв пат проституцијата завзема опасни пропорции. Продажбата на женскиот труд кој е близок и нераскинливо конектиран со продажбата на телото, прогресивно е во пораст, доведувајќи до ситуација каде не само респектираната сопруга на еден работник, и не само напуштената и “обесчастена” девојка се приклучува на ранковите на проститутките: мајката поради своите деца, или пак младо девојче како Соња Мармеладова поради нејзиното семејство. Ова е хоророт и безнадежноста кои резултираат само од експлоатацијата на трудот од капиталот. Кога платата на жената не е доволна за да преживее, тогаш продажбата на вакви услуги станува можна секундарна “професија”. Хипокритичниот моралитет на буржуаското опшество ја охрабрува проституцијата со самата структура на неговата експлоатирачка економија, додека истовремено безмилосно со осуда отвара простор девојки и жени да тргнат по овој пат.
Сеништето на проституцијата го следи легалниот брак, семејството на буржoаското опшество. Историјата никогаш не била сведок на толкав пораст на проституција како што тоа се случило во последните декади на деветнаесеттиот и дваесетиот век. Во Берлин има по една проститутка за околу дванаесет таканаречени чесни мажи. Во Париз односот е еден на осумнаесет, а во Лондон еден на девет. Има различни видови на проституција: има отворена проституција која е легална и е субјект на регулации, но има и тајна проституција од “сезонски” тип. Но сите типови на проституција просперираат како отровно цвеќе во мочуриштата на буржуаскиот начин на живот.
Буржoаскиот свет не ги поштедува дури ни децата, втурнувајќи млади девојчиња од девет и десет години во одвратните прегратки на богатите перверзни дегенеративни старци. Во капиталистичките земји постојат бордели кои се специјално резервирани за млади девојчиња. Во сегашниот пост-воен период секоја жена се соочува со можноста од невработеност. Невработеноста владее кај жените посебно, и предизвикува енормен пораст на армија на “жени уличарки”.
Гладни маси на жени ги преплавуваат ноќните улици на Берлин барајќи купци на “бело робје”. Исто така Париз и останатите цивилизирани центри на капиталистичките држави. Продажбата на женското тело се практикува прилично отворено, што не е зачудувачки факт кога би се гледало од преспектива дека целиот живот на буржоазијата е базиран на купување и продажба. Постојат неспорни дефинитивни елементи на материјални и економски консидерации дури во најлегалните бракови. Проституцијата е излезот за жената која не успеала да најде перманентен сопруг кој заработува. Проституцијата во капитализмот им дава шанси на мажите да имаат сексуални врски без да треба да сносат материјална одговорност кон жената до крајот на нивниот живот.
Но кога проституцијата е толку задржана и е толку распространета дури и во Русија, како ние би се бореле против истата? За да се одговори на ова прашање ние првично мора, прилично детално да ги анализираме факторите кои ја издигнуваат проституцијата. Буржoаските научници и нивните академци обожаваат да докажат на светот, дека проституцијата е патолошки феномен, т.е. резултат на абнормалности кај поедини жени, исто како што некои луѓе се родени да бидат криминалци, исто така е аргументирано од нивна страна дека и некои жени се родени да бидат проститутки. Без разлика каде и каков начин на живот имале тие жени, сеедно според нив тие би се фрлиле во грешен начин на живот. Марксистите и совесните научници, доктори и статистичари докажаа многу јасно дека идејата за “вродената абнормалност” е нелегитимна.
Пред се проституцијата е социјален феномен; и е многу тесно поврзана со позицијата на економско зависење на жената од мажот сопругот во семејството. Коренот на проституцијата лежи во економијата. Од една страна жената е ставена во ранлива економска положба, и од друга страна низ вековита едукација е условувана да очекува материјални добивки од маж во размена за секслуална услуга без разлика дали овие добивки се освоени во или вонбрачна заедница. И тука е коренот на проблемот. Тоа е причината за проституцијата.
Ако буржoаските академци од Ломброзо-Тарновски универзитетот беа во право дека проститутките се родени со коруптивна и сексуална абнормалност, како тогаш некој ќе го објасни добро познатиот факт дека во време на криза и невработеност бројот на проститутки експоненционално расте? Како тогаш некој ќе го објасни фактот дека трговците со “жива стока” кои патуваа од западните земји на Европа во Русија, секогаш наоѓаа богата жетва на места каде што земјоделските култури не дале плод и популацијата страдала од глад, па на крај тие излегуваат со неколку богати регрути? Зошто тогаш толку многу жени кои наводно се осудени од природата да руинираат, зошто се впуштаат во проституција само во периоди на глад и невработеност?
Исто така важно е да се напомене дека во капиталистичките земји проституцијата ги регрутира своите слуги само од сиромашната безимотна секција на популацијата. Ниско платени работници, бездомништвото, акутната сиромаштија и потребата да се поткрепат помладите браќа и сестри; ова се факторите кои влијаат врз продукцијата на најголемиот број на проститутки. Ако тезите на буржоазијата за корупцијата и криминалната предиспозиција беа точни, тогаш сите класи на популацијата ќе беа засегнати еднакво од проституцијата. Но професионалните проститутки, жените кои преживуваат од своето тело, со многу ретки исклучоци се регрутирани од посиромашните класни слоеви. Сиромаштијата, гладот, финансиската депривација сиромаштија и флуоресцентните социјални нееднаквости се базата на буржуаскиот систем, кој ги тера овие жени да се впуштат во проституција.
Или пак некој може ќе посочи дека проститутките во капиталистичките земји, статистички се привлечени кон проституција на возраст од тринаесет до дваесет и две годишна возраст. Со други зборови, деца и млади жени. И мнозинството од овие девојки се сираци и бездомници. Девојки кои потекнуваат од добро ситуирани позадини и имаат прекрасно буржуаско семејство кое ги заштитува, се свртуваат кон проституција многу ретко. Исклучоците тука се најчесто жртви на некои трагични околности. Многу често се жртви на хипокритичкиот “двоен морал”. Буржуаското семејство ја напушта девојката која “грешела” и таа-сама, без никаква поддршка и етикетирана со презир од општеството-ја гледа проституцијата како единствен начин за преживување.
Како фактори кои се виновни за проституцијата ние може да ги издвоиме: ниските плати, економската зависност на жената од мажот и нездравиот дегенериран обичај-традиција по кој жените се водат и очекуваат да бидат поддржани финансиски со размена на сексуални услуги, наместо со размена на труд. Работничката револуција во Русија го сруши темелот на капитализмот и зададе директен удар врз претходните обичаи на зависност на жената од мажот. Сите граѓани се еднакви пред работничкиот колектив. Сите се еднакво обврзани да работат за добробит и се еднакво прифатени и поддржани од колективот кога имаат потреба од истиот. Жената обезбедува за себе не преку бракот туку преку улогата која ја има во продукцијата и придонесот што го прави за добробит на луѓето.
Врските измеѓу родовите се трансформирани. Но сепак ние сеуште сме врзани од страна на старите идеи. Понатаму, економскиот сектор е далеку од комплетно реформирање кон новиот начин, и комунизмот е сеуште далеку од нас. Во овој транзитен преоден период проституцијата нормално дека сеуште има голем замав. Иако после се, после основните фактори на проституцијата-приватната сопственост и политиката на јакнење на семејството беа одстранети, на сила стапуваат други фактори. Бездомништво, занемарување, лоши услови во домаќинството, самотијата и ниските плати за жените се сеуште присутни. Нашиот апарат за продукција е во состојба на колапс, и дислокацијата на националната економија продолжува. Овие и други економски фактори водат кон тоа жените да се проституираат.
Борбата против проституцијата накракто значи борба против овие услови со други зборови, значи да се поддржи генералната политика на Советската влада-што воедно има за цел да ја зацрвсти базата на комунизмот и организацијата на продукција. Некои можеби ќе речат дека проституцијата нема повеќе да има место штом се зацврстат силата на работничката унијата и базата на комунизмот, дека друга кампања не е потребна.. Но овој аргумент погрешно го поима и завзема ставот дека штетниот и неунифициран ефект дека проституцијата има замав врз градењето на новото комунистичко општество.
Извор: Одбрани текстови на Александра Колонтаи
Превод на текстот од англиски јазик Гордана Ристовска