Фељтон: Александра Колонтаи, Марксизам и етика – Проституијата и начини за борба против истата (трет дел)

Објавено на 21 октомври 2020 од Il Grido del Popolo©

 

Говор на Александра Колонтаи на третата серуска конференција на шефовите на регионалните женски оддели во 1921 година за проституцијата и начини за борба против истата.

 

Централниот оддел се изрази опозитно и стоеше цврсто на ставот, укажувајќи дека ако проститутките би биле апсени на ваков начин, тогаш би било нужно на ист начин да бидат третирани и сите домаќинки-жени кои се заштитени од своите сопрузи и не даваат никаков допринос во општеството. Проститутките и домаќинките-жени се исто, дезертери на трудот. Ова беше ставот на Центраниот оддел и беше поддржан од претставниците на Комесирајатот за правда. Ако критериум за дезертество на трудот го земеме како критериум, не можеме да ги казнуваме сите дезертери на трудот. Бракот или постоењето на одредени врски меѓу родовите нема никакво значење и не може да игра никаква улога во дефинирањето на кривични дела во работничката република.

Во буржоаското општество жената е осудена на прогонство не кога таа не работи работа што е корисна за колективот или бидејќи се продава себеси за материјален профит (две-третини од жените во буржоаското општество се продаваат себеси на нивните сопрузи), но кога нејзините сексуални врски се неформални и се краткотрајни е осудена. Бракот во буржоаското општество е карактеризиран според неговото траење и според официјалната природа на неговата регистрација. На ваков начин наследството на имотот е зачувано. Врските кои се од краткотрајна природа и се смета дека недостига официјална санкција од страна на фанатиците и лицемерните хипокритици на буржоаската моралност се сметани за нешто што е срамно. 

Дали ние кои ги издигаме интересите на работниците може да ги дефинираме врските кои се примвремени и нерегистрирани како официјални како криминален акт? Секако дека не. Слободата на врските меѓу родовите не е контрадикторна на комунистичката идеологија. Интересите на работниот колектив не се засегнати, погодени од страна на привременоста или долготрајноста на врската или од страна на љубовта, страста или само физичката привлечност.

Врската е штетна за колективот само ако постои материјално уценување помеѓу родовите кои се инволвирани во истата, и само кога софистицирани калкулации претставуваат субститут, замена за меѓусебна атракција. Дали уценувањето доаѓа преку проституција или легален брак не е воопшто важно. Затоа ние понатаму мора да ја осудиме проституцијата, и да одиме до степен да објасниме дека овие легални сопруги дека се “чувани заробенички” и каква жална и нетолерантна улога имаат во работничката држава.

Може ли присуството на материјално уценување да биде критериум по кој ќе се детерминира што е а што не е криминален акт? Дали ние можеме да присилиме еден пар да признае дали меѓу нив постои елемент на калкулација во нивната врска? Дали таков закон би функциионирал, особено со оглед на фактот дека во сегашно време голем број на врски се пратктикуваат помеѓу работничката класа и идеите за сексуален морал се низ константен флукс? Каде завршува проституцијата а сапочнува удобниот брак? Комисијата на Меѓународниот оддел опозираше тука, се спротистави на сугестијата дека проститутките треба да бидат казнети затоа што се проституираат, т.е. заради тоа што се продаваат себеси. 

Тие сугерираа сите претставници на трудовото дезертерство да бидат предадени на мрежата на социјална сигурност и од таму кон Комесаријатот кој се бави со распоредување на работната сила-моќ бидат праќани во разни установи или болници. Проститутката не е специфичен случај; исто така како што и другите категории на трудово дезертерство, таа само е пратена на присилна работа во работнички камп. Ова претставува еден многу важен и храбар потег, вреден на првата работничка република.

Прашањето за проституцијата како криминален акт е претставено во тезата бр.15. Следен проблем кој треба да се разгледа претставува дали законот треба да ги казнува и клиентите на проститутката. Во комисијата имаше неколку претставници кои беа за да се усвои ова, но мораа да се откажат од идејата, која не се водеше од нашата основна премиса. Како би се дефинирал клиентот? Дали тој претставува некој кој купува услуги од жената? Во овој случај сопрузите на многубројните жени-сопруги би биле исто виновни. Кој одлучува кој е клиент а кој не би бил? Беше предложено овој проблем да се проучува пред да се донесе било каква одлука, но Централниот оддел и мнозинството на комисијата беа против тоа. Како што претставниците на Комесаријатот за правда признаа, ако не е возможно да се дефинира кога е сторено кривично дело-акт,тогаш идејата за казнување на клиентите не е издржлива. Ставот на Централниот оддел беше присвоен.

Но комисијата прифати дека клиентите не може да бидат законски казнети, се залагаше за морална одговорност на оние кои посетуваат бордели или на било каков начин прават бизнис од проституцијата. Тезите на комисијата истакнаа дека се сведува на тоа кој добива, прави пари од проституцијата може да биде кривично гонет како индивидуа која заработува материјални нешта без да вложи никаков труд. Законски предлози беа напишани и предложени за усвојување од страна на комисијата и беа ставени пред Советот на народни комесари. Тие ќе стапат на сила за брз рок.

Мене ми преостанува да поентирам на практичните мерки кои ќе се имплементираат и помогнат да се редуцира проституцијата, и во кои одделот на жени може да има активна улога. Не постои сомнеж дека сиромаштијата и неадекватно платениот труд кој жените го добиваат е само еден фактор кој ги втурнува жените во проституцијата. Законски платите на мажите и жените се еднакви, но во практика мнозинството жени се втурнати во неквалифицирани работни услови. Мора да се воспостави мрежа преку која тие ќе добијат соодветната квалификација и ќе се надоградуваат. Задачата на одделот на жени мора да биде значајна да инфлуенсира, влијае дава значење кон едукативниот систем да застане на страната на едукација и еманципација на работничките.

Политичката заостанатост и недостатокот на социјална свест на жената е втора причина за проституцијата. Одделот на жени треба да се залага да се подигне свеста кај жените пролетери. Најдобриот најефикасниот начин во борбата против проституцијата е да се издигне политичката свест на широките маси на жени-рботнички и нивното привлекување кон револуционерната борба за изградба на комунизмот.

Фактот што проблематиката со бездомништвото сеуште не е решена исто така влија врз издигање на проституцијата. Одделот на жени и комисијата мораат и можат да се борат против проституцијата само ако зборуваат и за овој проблем. Меѓународната комисија работи на проектот да се обезбедат станбени комуни за младите работници и на обезбедувањето на комуни за сместување на новодојдените жени во било кој регион. Секако освен ако одделот на жени и Комсомолот не покажат иницијатива и завземат независна активност повод овој проблем, тогаш сите директиви и иницијативи на комисијата ќе останат добронамерни и убави резолуции, решенија-но само на хартија. А можеме толку многу да направиме. Локалните оддели на жени мора да работат заедно со комисијата за едукација за да се издигне проблематиката  за коректното организирање на сексуалната едукација во школите. Исто така тие може да отвараат дискусии и да држат лекции за бракот, семејството и за историјата на врските помеѓу родовите, и да истакнуваат и укаажуваат на зависноста на овие феномени на сексуалниот морал и економските фактори.

Време  е да се расчисти со прашањето околу сексуалните врски. Време е да пристапиме кон ова прашање безмилосно и со научен критицизам. Веќе кажав дека меѓународната комисија прифати проституктите да бидат третирани како и сите дезертери на трудот. Исто така жените кои имаат работна книшка но практикуваат проституција како секундарен извор на материјално-пари не може да бидат казнети. 

Но ова не значи дека ние не се бориме против проституцијата. Ние сме свесни, како што поентирав повеќепати денес, дека проституцијата штети на работниот колектив, одразувајќи се психолошки негативно врз мажите и жените и ги искривува дистортира нивните сфаќања и осетот на еднаквост и солидарност. Наша задача е да го ре-едуцираме работниот колектив и да ја воведеме во линија неговата психологија заедно со економските задачи на работниците. Безмилосно мора да ги отфрлиме старите идеи и ставови на кои сеуште се држиме како навика, бидејќи економијата ја надмина идеологијата. 

Старата економска структура се распаѓа а заедно со неа и застарениот тип на брак, но ние по навика се држиме кон буржоаски начин на живот. Ние сме спремни да  ги отфрлиме застарените аспекти на застарениот систем и да и посакаме добредојде на револуцијата во сите сфери на животот, само не го допирајте семејството, не пробувајте да ја промените семејната заедница!  Дури и политички свесните комунисти плашливо гледаат кон вистината, ги туркаат по страна доказите кои јасно укажуваат дека старите семејни врски слабеат и дека се оформуваат врски меѓу родовите диктирани од новата економија. 

Советската сила ги препознава жените и нивната улога во националната економија и ја става неа во еднаква положба со мажот, но во секојдневието се уште стојат старите навики, нитки кон “старите традиции” и кои го прифаќаат нормалниот брак кој се темели врз материјална зависност на жената од мажот. Во нашата борба против проституцијата ние мора да ги појасниме нашите ставови кон брачните врски кои се базирани на истите буржоаски принципи на “купо-продажба”. Мора да научиме да бидеме безмилосни кон овој проблем; не смееме да дозволиме да бидеме излажани од сентиментални приговори дека “нашата критика и проповедањето наука ја загрозуваат светоста на семејните врски”. Мораме да обајсниме дека старите форми на семејство се надминати. Комунистичкото општество нема потреба од нив. 

Буржоаскиот свет даде благослов на исклучителноста и изолацијата на бракот; во автоматизирано и изолирано буржоаско друштво, семејството е една заедница која е заштита од бурата на животот, тивко крајбрежје во морето на непријателство и компетиција. Семејството беше независна и затворена заедница. Ова е неприфатливо во комунистичко општество. Комунистичкото општество претсавува толку силно чувство на заедништво што не може да постои изолирана интроспективна семејна заедница. Во сегашно време слабеат роднинските врски, семејството и бракот. Се креираат нови врски помеѓу работниците, другарство, заеднички интереси, колективна одговорност и вера дека колективот претставува највисок принцип за морална вредност.

Нема да си земам за слобода да проповедам како во иднина ќе изгледаат брачните врски помеѓу родовите. Но во едно сум сигурна: во комунизам зависноста на жената од мажот и сите пропратни елементи на материјална зависност кои постојат во модерниот брак ќе исчезнат. Сексуалните врски ќе бидат засновани на здрав инстинкт за репродукција поттикнат од младешката љубов, страст, физичката привлечност или светла интелектуална и емоционална хармонија. Ваквите сексуални врски немаат никаква допирна точка со проституцијата. Проституцијата е ужас затоа што е нешто што е акт на насилност на една жена врз себеси во името на материјала добивка. Проституцијата е само вулгарен гол акт на материјална калкулација која не остава простор за љубов и страст. Каде што страста и симпатиите започнуваат, проституцијата завршува. Во комунизам, проституцијата и традиционалното семјество ќе исчезнат. Здрави, слободни, весели врски ќе се развиваат помеѓу родовите. Ќе дојдат нови генерации, независни и храбри со силно чувство за колективот: генерации кои ќе го ставаат доброто на колективот пред се.

Другари! Ние ги поставуваме темелите на комунистичката иднина. Во наша моќ е да го забрзаме овој процес. Ние мораме да ги зацврстиме чувствата за солидарност кај работичката класа. Ние мора да го направиме овој храбар потег заедно. Проституцијата штети врз развојот на солидарност, и затоа се повикуваме на одделите на жени да започнат кампања да се искорени ова зло.

Другари! Наша задача е да ги пресечиме корените кои ја хранат проституцијата. Наша задача е да водиме безмилосна битка против сите облици на индивидуализам и против застарените форми на брак. Наш задача е да ги револуционаризираме ставовите во сферата на сексуалните врски, да ги доведеме во линија со интересот на работниот колектив. Кога комунистичкиот колектив ќе ги искорени и елиминира старите форми на брак и семејство, проституцијата ќе престане да постои.

Да започнеме другари со работа. Новото семејство е веќе на повидок, големото семејство на победничкиот пролетеријат се развива и е во подем, и станува се посилно.

 

 

 

Извор: Одбрани текстови на Александра Колонтаи

Превод на текстот Гордана Ристовска