Фељтон: Александра Колонтаи, Марксизам и етика – Проституијата и начини за борба против истата (втор дел)

Објавено на 11 октомври 2020 од Il Grido del Popolo©

 

Говор на Александра Колонтаи на Третата серуска конференција на шефовите на регионалните женски оддели, одржана 1921 година за проституцијата и начини за борба против истата.

 

Коректиниот слоган се формулира на првиот Руски Конгрес на земјоделци и жени работнички: “Жената работничка на Советската Република е слободен граѓанин со еднакви права, и не може и не смее да претставува објект за продажба или купување.” Слоганот беше прокламиран но ништо не се стори повод тоа. И над сето тоа, проституцијата и штети на националната економија и го закочува понатамошниот напредок на силата на продукцијата. Ние многу добро знаеме дека може да го надминеме овој хаос и да ја надоградиме индустријата само и само ако ги искористиме дадените напори и енергија на работниците и само ако се организира достапната моќ на работниците на мажите и жените на најрационален начин. Не за домашниот непродуктивен труд и грижата за децата! Да се направи простор за организирана и продуктивна работа која ќе служи на работниот колектив! Ова се тие слогани кои треба да ги извикуваме.

И после се, што всушност претставува професионална проститутка? Таа е личност чија енергија не се користи за добробит на колективот; личност која живее на грбот на другите, со земање на одредена сума од другите. Дали вакво нешто смее да се дозволи во работничка република? Не, не може. Не смее да биде дозволено, затоа што ги намалува резервите на енергија и бројот на работната рака кои го продуцираат националното богатство и генералната добробит целокупно, од гледна точка на националната економија професионална проститутка претставува дезертер на трудот. Во интерес на економијата ние мора да почнеме веднаш да ја намалуваме бројката на проститутки и да ја елиминираме проституцијата во секаква форма.

Веќе е време да сфатиме дека самото постоење на проституцијата е контрадикторно на основните принципи на работничката република, која се бори против сите форми на незаслужен надоместок-плата. Низ трите години на револуцијата нашите идеи повод ова прашање драстично се сменија. Нова филозофија, која има само мал остаток од старите идеи е во пораст. Пред три години еден трговец комплетно беше наградуван и гледан како респектабилна личност. Оној кој своите сметки ги доставуваше  навремено без лаги и измами, кој очигледно не ги виктимизираше и мамеше своите клиенти, беше наградуван со титулата на “трговец од прв ред”, беше почитуван граѓанин…

Со револуционерните ставови кон трговијата и трговците работите се сменија радикално. Сега “искрениот трговец” е наречен шпекулант и лажго, и наместо хонорарна награда ние го доведуваме пред специјален комитет и го ставаме во работен камп. Зошто го правиме ова? Затоа што ние знаеме дека можеме да изградиме нова комунистичка економија само ако сите возрасни граѓани се инволвирани во продукцијата. Личноста што не работи и која живее на грбот на некој друг или која живее со незаработена плата штети на колективот и на републиката. Затоа ние ги гониме лажливците, паразитите, трговците и колекционерите кои живеат од незаработена плата. Ние мораме да се бориме против проституцијата која претставува начин на дезертерство од трудот.

Но ние притоа не ја осудуваме проституцијата и се бориме против истата како да претставува посебна категорија, ние се бориме против истата од аспект на дезертерство од трудот. Нам во работничката република не ни е важно дали жената се продава само на еден или повеќе мажи, дали е класифицирана како елитна-професионална проститутка која ги продава своите услуги на повеќе добро ситуирани клиенти или е сопруга која се продава на својот сопруг. 

Сите жени кои избегнуваат да работат, избегнуваат труд и не сакаат да партиципираат во продукцијата или во грижата за децата сносат одговорност, на иста скала како и проститутките, и мора да бидат приморани да работат. Ние не можеме да направиме разлика помеѓу проститутка или сопруга која е така нежно чувана од нејзиниот сопруг, без разлика кој е нејзин сопруг-дури и ако тој е “комесар”. Неуспехот да се учествува во продуктивна работа претставува заедничка нитка која ги поврзува сите дезертери на трудот. Работниот колектив не ја осудува проститутката затоа што таа го продава своето тело на повеќе мажи туку затоа што, исто како и домаќинката останува дома, и не придонесува на никаков начин со ништо за општеството.

Втората причина да се организира добро планирана слободна кампања против проституцијата е со цел да се сочува здравјето на граѓаните. Советска Русија не сака болестите да ги осакатат и ослабат граѓаните и да ја редуцираат нивната работна моќ и сила. Секако не станува збор само за тоа како болестите се пренесуваат. Збиените услови за живот, недостатокот на хигиена, комуналните садови и крпи играат улога во ова. Потоа, во ова време на променливи морални вредности и норми и посебно каде постојано има движење на трупи од едно место на друго, бројот на заболенеи од венерични болести расте многу остро независно од комерцијалната проституција. 

Граѓанската војна како пример, беснее низ јужните плодни региони. Козаците беа поразени и се повлекоа заедно со Белите. Во селата останаа само жените. Тие имаат се но ги немаат нивните сопрузи. Трупите на Црвената Армија  влегоа во селата се стационираа тука неколку недели. Слободни врски се развија помеѓу војниците и жените. Овие врски немаа никаква допирна точка со проституцијата: жената заминува со мажот волонтарно своеволно затоа што тој ја привлекува, и неа не и паѓа на памет да придобие нешто материјално од него. Овде војникот на Црвената Армија не е оној кој придонесува материјано нешто туку станува збор за опозитна ситуација. Жената се грижи за него се додека тие се стационаирани засолнети во селото. Трупите продолжуваат понатаму, но зад себе оставаат венерични болести. Инфекцијата се шири. Болеста се развива, размножува и претставува закана, проблем за младата генерација.

На заедничкиот состанок на одделот за заштита на мајчинството и на одделот за жени професорот Колтсов зборуваше за гените, за науката за задржување и подобрување на човековото здравје. Проституцијата е тесно поврзана со оваа проблематика, затоа што е еден од главните фктори кои влијаат на ширење на зараза. Тезите на меѓусекторската комисија за борба против проституцијата истакнува дека со развојот на одредени мерки за борба против венеричните болести е една од најважните задачи. 

Секако дека чекорите треба да бидат со цел борба, справување со сите извори на болести, не само фокусирани на проституцијата како што буржоаското хипокритичко општество постапува. Но болестите се шират до одреден степен низ секојдневните околности, секако дека е есенцијално-нужно да се даде јасна идеја за улогата која ја има проституцијата. Добра коретктна организација на сексуална едукација за младите е секако многу важна. Ние мораме да ги наоружаме младите граѓани со точни информации со што им даваме пристап да ги отворат очите во животот. Не смееме да останеме неми повеќе повод прашањата поврзани со сексуалниот живот и врски;  ние мораме да се одделиме од лажниот фанатичен буржоаски морал.

Трета причина поради која проституцијата е несакана во Советската работничка република е затоа што: не дава никаков придонес бенефит ниту зајакнување на едноставниот карактер на класата на пролетеријатот и моралот на истата. Што претставува фундаментален квалитет на работничката класа? Кое е неговото морално најако оружје во борбата? Солидарност и другарство е темелот на комунизмот. Ако ова чувство не е доволно силно развиено  помеѓу работничката класа, градењето на комунистичко опшество е незамисливо. Комунистите кои се политички свесни логично е дека треба да поттикнуваат, окуражуваат и влијаат на развојот на солидарност на секаков можен начин и да се борат против се што го потикнува развојот на проституцијата и ја уништува еднаквоста, солидарноста и другарството врз две третини на работничката класа. 

Маж кој ги купува услугите од една жена не ја гледа неа како другарка или како личност со еднакви права. Ја гледа како жена која е зависна од него и како некое нееднакво суштество од понизок вид кој е помалку вреден во работничката република. Инфериорноста што ја негува кон проститутката, чии што услуги ги купил, влијае врз неговиот став кон сите жени. Со порастот на проституцијата наместо да се гради раст на солидарност и другарство, само се закајакнува нееднаквоста помеѓу родовите.

Проституцијата претставува навистина нешто штетно по новиот комунистички морал кој е веќе во процес на оформување. Задача на партијата целокупно и на одделот на жени мора да биде да се лансира нова широка и резолутивна кампања против оваа оставштина од буржоаското опшество. Во буржоаското капиталистичко општество сите напори за борба против проституцијата беа непотребно трошење на енергија, затоа што двата услови кои дадоа пораст на овој феномен беа приватната сопственост и директната материјална зависност на мнозинството на жени од мажите беа етаблирани. Во работничката република ситуацијата се промени. Приватната сопственост се укина и сите граѓани на републиката мора да работат. 

Бракот престана да биде метода која жената ќе ја користи за да најде “покровител/мецена” и со тоа ќе ја избегне работата или на свој начин да заработи со свој труд. Поголемите социјални фактори кои даваа пораст на проституцијата, во Советска Русија се веќе елиминирани. Но низа бројни секундарни економски и социјални причини остануваат со кои е полесно помирување. Одделот на жени мора да пристапи кон оваа борба енергично, и ќе пронајде широко поле за активизам.

На иницијатива на централниот одбор, минатата година беше организирана меѓусекторска комисија за борба против проституцијата. Поарди бројни причини еден период работата на комисијата беше занемарена, но од есента оваа година веќе се гледаат знаците на живот, и со соработката на Др. Голман и на Централниот женски комитет беше организирана и планирана одредена иницијатива. Претставници на Народниот комесаријат за здравство, труд, социјално осигурување и индустрија, како и одделот на жени и унијата на комунистичката младина, беа инволвирани сите заедно. Комисијата ги испечати тезите во билтенот бр.4, го дистрибуира и до сите регионални департменти на социјално осигурување истакнувајќи план за да се формираат слични комисии низ целата земја, и превзеде конкретни мерки да се справи со околностите кои ја развиваат проституцијата.

Меѓускторската комисија смета дека е нужно одделот на жени да земе активен дел од оваа работа, бидејќи проституцијата ги афектира безимотните, сиромашните жени на работничката класа. Ова е наша работа, работа на одделот на жени-да организираме масовна кампања околу прашањето за проституцијата. Врз овој проблем ние мора да пристапиме од аспект и интерес на  работниот колектив исто така земајќи во превид дека револуцијата во семејството е комплетирна,и дека врските меѓу родовите се поставени на похуман план.

Тезите на Меѓусекторската комисија го појаснуваат ставот дека борбата против проституцијата е поврзана на фундаментален начин со реализацијата на нашите советски политики во сферата на економијата и општата конструкција. Проституцијата напросто ќе исчезне ќе биде елиминирана кога базата на комунизмот ќе зајакне. И оваа вистина ги одредува и оправдува нашите постапки. Но исто така ние мораме да ја разбереме важноста на креирањето на комунистички морал. Двете задачи се тесно поврзани: новиот морал е креиран од нова економија, но ние нема да градиме нова економија без морална поддршка. Јасното и прецизното размислување се есенцијални за овој проблеем, и ние нема што да се плашиме од вистината. 

Комунистите мора отворено да прифатат дека непредвиливи промени во природните сексуални врски се случуваат. Оваа револуција повикува на промена на економската структура и на новата улога што жената ќе ја има во продуктивноста во работничката република. Во овој тежок транзитен период, каде што старите норми се уништени и се градат нови, врските помеѓу родовите може и да се развијат на начин кој не е компатибилен со интересите на колективот. Но мора да се потенцира дека има нешто здраво во практикувањето на различни врски.

Нашата партија и особено одделот на жени мора да ги анализира различните форми со цел да утврди кои се компатибилни  со генералните задачи на револуционерната класа и да служи истовремено да го зајакне колективот и интересот на истиот. Однесување кое би штетело на колективот мора да биде разбиено и осудено од страна на комунистите. На ваков начин Централниот женски комитет ја сфати својата задача на меѓусекторските комисии. Не е само нужно да се се применат практични мерки за да се разбијат условите кои ја развиваат проституцијата, исто така треба да се реши проблемот со бездомништвото и самотијата, но исто така да се помогне да се имплементира моралот заедно со диктатурата на пролетеријатот.

Меѓусекторската комисија укажува на фактот дека во Советска Русија проституцијата се практикува како професија, и како средство за заработка на дополнителен додаток. Првата форма на проституција е помалку застапена, и на пример во Петроград бројот на проститутки не е значително намален од страна на професионалните проститутки. Вториот тип на проституција е распространет во капиталистчко буржоаските земји (во Петроград, пред револуцијата, од целокупна бројка на педесет илјади проститутки само шест или седум беа регистрирани), и продолжува да вирее во Русија под разни замаскувања, Советските дами ги заменуваат нивните услуги за еден пар високи потпетици, чизми; работнички и мајки се продаваат за брашно. Земјоделки спијат со раководителите на анти-профитерските одреди со надеж дека ќе спасат дел од нивната храна, административките спијат со нивните шефови во замена за оброци, чевли и со надеж за промоција.

Како да се избориме со оваа ситуација? Меѓусекторскиот комитет мораше да се справи  ставајќи ги под знак прашање дали проституцијата треба да биде криминално нешто. Презентаторите на меѓусекторскиот комитет многу од нив беа за тоа да биде прогласено за криминален акт, додавајќи дека професионалните проститутки се дезертерки на трудот. Ако ваков закон е прифатен, тогаш собирање и сместување на проститутките во работни кампови би станало прифатена политика.

 

 

 

Извор: Одбрани текстови на Александра Колонтаи

Превод на текстот од англиски јазик Гордана Ристовска