Објавено на 31 октомври 2020 од Il Grido del Popolo©
Критичка мисла на Александра Колонтаи објавена во вид на политички памфлет во 1909 година.
Оставајќи на буржоаските научници да се навлажнуваат истите низ дискусија околу прашањето на супериорноста на еден род/пол врз друг, или во измерувањето на мозоците и споредбата на психичката структура на мажите и жените, следбениците на историскиот материјализам комплетно ја прифаќаат природата на спецификациите на секој род и проповедаат секоја индивидуа, без разлика дали маж или жена, имаат реална шанса за комплетно и слободно самоопределување, и најширок простор за развој и апликација на сите природни склоности и инстинкти. Следбениците на историскиот материјализам го одбиваат постоењето на специфичното прашање за жената одвоено од генералното социјално прашање на денешницата.
Специфичните економски фактори стоеја како позадина за субординацијата на жената, а природните прилики беа втор фактор во овој процес. Само конечното исчезнување на овие фактори, и единствено силната еволуција во одреден момент во минатото доведе до издигнување на субјективирање на жените, и може да има фундаментално влијание за промена на нивната социјална позиција. Со други зборови, жените може да станат слободни во вистинска смисла на зборот и еднакви само во организиран свет со нови социјални и продуктивни наративи.
Сеедно,ова не значи дека половичното подобрување на животот на жените во оквирот на модерниот систем е невозможно. Радикалната солуција по повод работничкото прашање е возможна само преку комплетна реконструкција на современите продуктивни врски; но дали ова мора да не спречи да работиме на реформите кои ќе служат за сатисфакција на најосновните интереси на пролетеријатот? Напротив, секоја придобивка на работничката класа претсавува чекор кој човештвото го води поблизу до кралството на слободната и социјалната еднаквост: секое право кое жената ќе го извојува ја носи се поблизу до целта на комплетна еманципација.
Социјалистистите беа меѓу првите кои во програмата проповедаа еднаквост на правата на жените со оние на мажите; преку разни говори и текстови партијата бараше секогаш и секаде повлекување на лимитите кои ги ограничуваат жените; самото влијание на партијата ги присили и останатите партии и владеачки класи да носат реформи во корист на жената. Во Русија оваа партија не стои позади жената во одбрана само од теоретски аспект туку и константно се придржува кон принципот на еднаквост на жената.
Што, во овој случај, ги спречува нашите ”либерали” од прифаќање на поддршката на оваа силна и искусна партија? Фактот е дека, колку и “радикални” да се либералите, нивната лојалност сеуште лежи во нивната буржоаска класа. Во моментов политичката слобода е есецијален предуслов за растот и моќта на Руската буржоазија, без тоа, целата економска благосостојба на истите ќе излезе дека е изградена врз зрнца песок. Потребата за политичка рамноправост на жената е веќе нешто што е нужно кое произлегува од самиот живот.
Слоганот “пристап до професиите” веќе стана излишен; само преку директното учество во власта ветува подигање на економскиот статус на жената. Оттука потекнува и пасијата на жената од средно буржоаските кругови да ја добие франшизата, и од тука потекнува нејзиното непријателство и омраза кон модерниот бирократски систем.
Во секој случај, во нивните барања за политичка едаквост нашите феминистки се како нивните странски сестри; широки хоризонти отврени од социјалистичкото учење остануваат страни и несфатливи за нив. Феминистките бараат еднаквост во оквирот на постоечката класа во опшеството, тие во ниеден случај не ја напаѓаат базата на системот. Се борат за личните привилегии, без притоа да атакуваат на постоечките привилегии и овластувања. Ние не ги обвинуваме претставничките на буржоаското движење на жените за неуспех да ја сфатат суштината; нивната перспектива извира неизбежно од нивната класна позиција…
Борбата за Економска Независност
Пред се мора да се запрашаме себеси дали движење на слободни и обединети жени е возможно во систем кој е изграден на класна контрадикција. Фактот што жената зема учество во движење за слобода, за секој непристрасен набљудувач не претставува една чиста хомогена маса.
Женскиот свет е поделен, како што е и оној на мажите, и тоа на два дела; интересите и аспирациите на една група на жени е поблизок до буржоаската класа, каде другата група има поголема приврзаност со пролетеријатот, и нивните барања за ослободување опфаќаат целосна солуција по повод прашањето за жените. Иако двете групи се водат од ист слоган “слобода на жените”, нивните цели и интереси се различни. Секоја група несвесно ја завзема стартната позиција од интересот на сопствената класа, при што ова дава на специфичната класа да ги бои и бира своите таргети и задачи кои си ги поставува самата…
Без разлика колку радикални да се барањата на феминистките, не смее да се изгуби од вид фактот дека феминистките не можат, поради нивната класна позиција, да се борат за таа фундаментална трансформација на современата економска и социјална структура на системот без кој ослободувањето на жената не може да биде комплетен.
Ако во одредени околности краткорочните задачи на жените од сите класи се совпаѓаат, конечните цели на двете групи, се тие кои долгорочно ја одредуваат дирекцијата на движењето и тактиките кои ќе треба да се користат, се разликуваат нагло. Кога за феминистките успехот за рамноправност со мажите во рамките на современтиот капиталистички свет претставува конкретен крај, еднакви права во сегашно време, за жените работнички, само чекор напред во борбата против економското ропство на работничката класа.
Феминстките ги гледаат мажите како нивен единствен непријател, затоа што мажите неправедно ги присвоиле сите права и привилегии за себе, оставајќи им на жените само обврски и ропство. За ним победата е извојувана кога привилегијата што ја уживал машкиот пол е дадена и на “понежниот пол”. Жените пролетери имаат поинаков пристап и став. Тие не го гледаат мажот како непријателот и опресорот; напротив, тие гледаат на мажите како на нивни другари, со кои ја делат експлоатацијата на дневна основа и со кои се борат заедно за подобра иднина.
Жената и нејзиниот другар од спротивниот пол се поробени и во иста социјална положба; истите синџири на капитализмот им ја опресираат волјата и ги лишуваат од радостите и бенефитите на животот. Вистината е дека повеќе специфични аспекти на современиот систем имаат двојна тежина врз жената, исто како што е вистина дека ангажирањето на женската работна сила понекогаш ги претвора во компетиторки и ривали на мажите. Но во ваквите невкусни и неповолни ситуации, работничката класа знае кој е виновникот…
Жената работник, не помалку од својот брат во невоља, го мрази истото тоа незаситливо чудовиште со позлатена муцка, на кое единствен интерес му е да ја исцеди и последната капка пот од неговите жртви и да порасне на грбот и трошокот на труд на милион човечки животи, фрлајќи ја зависта еднакво кон мажите, жените и децата. Од друга страна аспирациите на жените буржуи, се чудни и несфатливи. Тие воопшто не допираат ниту го топлат срцето на пролетеријатот; тие не ја ветуваат светлата иднина на жените пролетери иднината кон која очите на сите екплоатирани луѓе се вперени…
Целта на жената работник секако дека не е да ги спречи истите од желбата да го подобрат својот статус дури и во околината на нивниот буржоаски систем, но сфаќањето на овие желби е константно отежнато од пречките кои произлегуваат од самата природа на капитализмот. Жената може да биде слободна и да поседува еднакви права само во свет на социјализам, свет на хармонија и правда. Феминистките се неподготвени и неспособни да го сфатат тоа; за ним еднаквоста изгледа е формалност која е законски прифатена на лист хартија дека тие ќе бидат во можност да добијат комфортно место за себеси во истиот тој стар изживеан свет на опресија, ропство и субјективизирање, свет на тешкотии и солзи. И ова е вистина до одреден степен.
За мозинството жени работнички, еднакви права би значело еднаква делба на нееднаквоста, но за “привилегираните”, за жените буржуи, би отворило порти кои водат кон нови права и привилегии кои до тогаш биле уживани само од страна на мажите припадници на буржоаската класа. Секое право и привилегија освоено од жената буржуј и дава неа ново орудие за експлоатација на нејзината сестра и ја зголемува раслоеноста меѓу жените од двете опозитни групи. Нивните интереси ќе бидат во поостар конфликт, нивните аспирации во повоочлива контрадикција.
Каде е тогаш она генералното “прашање за жената”? Каде е таа унија на заеднички задачи и аспирации за која феминстките имаат толку многу да кажат? Трезвен поглед на реалноста тоно покажува дека таква унија не може и не постои. Феминистките во заблуда се трудат да се осигураат себеси дека “прашањето за жената” нема ништо задничко со тоа за политичка партија и дека “солуцијата лежи единствено во можноста на учество на сите партии и сите жени”; како што една радикална феминстика од Германија рекла, логиката на фактите не тера да ја отфрлиме оваа утешна заблуда од феминизам…
Условите и формата на продукција се факторот кој низ историјата влијаел за доминација врз жената, и постепено ги довел до инфериорен статус опресија и зависност во кои услови живееа до сега.
Колосалното издигнување на целокупната социјална и економска структура беше потребен за жените да може да почнат да си го враќаат нивното значење во системот и независноста. Проблематиките кои своевремено изгледаа претешки дури и за најинтелектуалните умови сега беа решени од мртви но екстремно силни услови на продкција. Истите тие сили кои илјадници години ја поробуваа жената, сега во понапредна фаза на развој, ги водат истите кон патот на слободата и независноста.
Прашањето за жената завзеде значајна улога за жената буржуј приближно кон средината на деветнаесеттиот век-значителен период после кој во арената доаѓа жената пролетер. Под инфлуенцијата на монструозниот успех на капитализмот, средната класа на популацијата беше погодена од бран на потреби. Економските промени ја дестабилизираа финансиската ситуација на ситната и средната буржоазија, со што жените буржуи беа соочени со дилема од заштрашувачки размери, или прифаќање на сиромаштијата, или здобивање со правото на работа.
Жени и ќерки од овие социјални групи почнаа да тропаат по вратите на универзитетите, на уметничките салони, по издавачки куќи, канцеларии, преплавувајќи ги професиите кои беа резервирани за нив. Жедта на жената буржуј да добие пристап до науките и високи културни бенефити не пристигна оддеднаш, потребата беше созреана но произлезе од прашањето повод “преживување”.
Од самиот почеток жените буржуи наидоа на ригиден отпор од мажите. Тврдоглава борба се водеше помеѓу мажите бизнисмени, приврзаниците кон нивните “комфортни ситни професии” и жените кои беа почетници во однос на заработката на нивниот леб. Оваа борба доведе до издигање на “феминизам”-обидите на жените буржуи да застанат заедно во компетиција против нивниот непријател, против мажите.
Како што стапнаа на сцената на трудот овие жени горделиво реферираа кон себеси дека се “авангардата на движењето за жените”. Но тие заборавија на фактот во однос на овој циклус на економска независност тие беа, како и во други сфери, дека одеа по стапките на нивните сестри и ги збираа плодовите од трудот и напорите на нивните испукани и плускави раце.
Извор: Одбрани текстови на Александра Колонтаи
Превод на текстот од англиски јазик Гордана Ристовска