Фељтон: Александра Колонтаи, Жените и марксизмот – Социјалната состојба на прашањето за жената (втор дел)

Објавено на 10 октомври 2020 од Il Grido del Popolo©

Критичка мисла на Александра Колонтаи во вид на политички памфлет објавен во 1909 година.

Дали е реално возможно да се зборува дека феминистките се пионерки на женскиот труд, кога во секоја држава стотици илјади жени пролетери ги преплавија фабриките и работилниците, земајќи една грака на индустирјата по друга, и тоа пред раѓањето на движењето од страна на жените буржуи? Единствено фактот што жените работнички добија рекогниција на светскиот маркет на трудот е благородно нешто и каде што жените буржуи беа способни да завземат независни позиции во опшеството и поради кое феминистките стојат горди на истото.

Нам дури ни е и тешко да поентираме кон еден факт во историјата на борбата на жената пролетер за подобрување на нејзините материјални услови во која феминистичкото движење значително влијаело. Што и да постигнале жените пролетери во сферата на подигање на нивните животни стандарди е резултат на неуморливиот труд на работничката класа генерално и на самите жени воедно. Историјата на борбата на работничките за подобри услови на работа и за подобар и попристоен живот е историја на борбата на пролетеријатот за неговото ослободување.

Што ако, стравот од опасноста на експлозија на незадоволсвото на пролетеријатот, ги принуди газдите на фабриките да ја покачат платата, намалат работното време и воведат подобри услови за работа? Што ако, стравот од “работнички немири” штрајкови, ја убеди власта да воведе закон за ограничување на експлоатацијата на трудот од капиталот?…

Ниту една партија во светот не завзеде став за одбрана на жената како што тоа го направи социјалистичката. Жената работничка прво и основно е припадник на работничката класа, и колку позадоволителна е позицијата и генералната благосостојба на секој припадник на пролетеријатот, толку поголем е бенефитот на подолг период за комплетно цела работничка класа.

Соочувајќи се со порастот на социјалните потешкотии, искрениот  борец за каузата мора да застане во тажно зачудување. Таа не може а да не увиди  дека генералното движење за жената не сторило скоро ништо за жената пролетер, колку неспособно е истото за подобрување на работните и животните услови на работничката класа. Иднината на човештвото мора да изгледа сиво, безживотно и несигурно за тие жени кои се борат за еднаквост но не ја прифаќаат перспективата на тоа како пролетеријатот гледа на светот или да имаат развиено силна верба во доаѓање на перфектен социјален систем. 

Додека капиталистичкиот свет привремено останува непроменет, ослободувањето за нив изгледа некомплетно и парцијално. Каков круг на очај изгледа ги опфаќа дел од овие жени оние кои се посензитивни и понежни. Единствено работничката класа е способна за одржување на моралот во модерниот свет со сите негови дисторзирани искривени социјални релации. Низ одлучни и калкулирани чекори таа напредува полека до својата цел. Ја носи жената работничка на нејзиниот ранк. Жената пролетер настапува храбро на трнливиот пат на трудот. Нејзините нозе тонат; нејзиното тело е уништено. На патот стојат опасни провалии, и безмилосните грабливи ѕверови се близу.

Но само преку овој пат жената е во можност да ја постигне таа далечна но привлечна цел-нејзиното комплетно ослободување во нов свет на трудот. Низ овој тежок марш кон светлата иднина на жената пролетер, која беше деградирана, опресиран роб без никакви права, го отфрла ропскиот менталитет кој се прилепил до неа, чекор по чекор се трансформира себеси во независен работник, независна идивидуа, слободна самата да бира љубов и со кого ќе практикува сексуални врски. Таа е, се бори во редовите на пролетеријатот, кој војува победи за жената да има работно право; таа е, “помладата сестра”, која ја подготвува почвата за “слободни” и ”еднакви” жени на иднината.

Тогаш со која цел, треба работничката да бара унија со буржоаските феминистки? Кој, во таков случај ќе има добивка во таква соработка? Сигурно нема да биде жената работник. Таа е спасителка на себеси; нејзината идина е во нејзиите сопствени раце. Жената работничка ги брани интересите на нејзината класа и не е заблудена од некои слатки говори за “свет за сите жени”. Жената пролетер не смее и не си дозволува да заборави дека целта на жената буржуј е да се осигура себеси и нејзината благосостојба во рамките на опшество кое е антагонистичко на нашето, нашата цел е да се гради, на местото на стариот, надживеан свет, нов храм на универзален труд, другарство солидарост и ведра слобода…

Бракот и Проблемот со Семејството

Да го свртиме нашето внимание на друг аспект повод прашањето за жената, прашањето за семејството. Важноста на копмлексноста за солуција на ова итно прашање поради еманципацијата на жената е добро познато. Борбата за политички права, за права на достигнување на докторати и академски квалитети, и поради еднаквоста на платата за еднакоста на трудот, некомплетно сумирано во борбата за рамноправност. За жената да биде комплетно слободна мора да се ослободи од тешките синџири на сегашната форма на семејството, кое е старомодно и опресивно. Солуцијата за жената повод прашањето за семејството не ништо помалку битна од остварувањата на политичката еднаквост и економската независност.

Во денешната форма на семејство, структурата на кое е изградено врз база на традиција и закон, жената е опресирана не само како индивидуа туку и како мајка, и во мнозинството цивилизирани земји граѓанскиот закон ја става во поголема или помала зависност од нејзиниот сопруг, и го наградува сопругот не само со правото да се ослободи од нејзиниот имот туку и со правото на морална и физичка доминација врз неа.

Каде  што завршува легалното ропство, таму започнува силата на “државното мислење”. Јавното мислење е креирано и поддржано од буржоазијата со крајна цел на сочувување “светињата на институциoналните богатства”. Хипокризијата на “двојните стандарди” е уште едно орудие. Буржоаското опшество ја уништува жената со своите економски пороци, вреднувајќи и го трудот минимално. Жената е лишена од граѓанското право на подигање на нејзиниот  глас во одбрана на нејзините интереси: наместо тоа, грандиозно и е поклонета алтернативата на ропството на брачната заедница или прифаќање на проституцијата- бизнис кој е прогонуван и презиран во јавноста но потајно поддржуван и охрабруван. 

Дали е потребно воопшто да се потенцираат негативните аспекти на современата брачна институција и патешествијата и позицијата кои жената ги искусува во сегашната брачна структура. На оваа тема е пишувано и кажано прилично опширно и во голем размер. Литературата е преплавена од депресивните слики на замките на брачниот и семејниот живот. Колку драматично и психолошки се имплементирани! Колку животи се осакатени! Важно е да нагласиме дека модерната структура на семејството, во помали или поголеми пропорции, ги опресира жените на сите класи и на сите слоеви на популацијата. Обичаите и традициите ја виктимизираат мајката без разлика на кој слој стратум на попоулацијата припаѓа; законите ги ставаат жените буржуи, жените пролетери и земјоделките сите заедно под покровителство на нивните сопрузи.

Зарем ние на овој начин не го разголивме прашањето за жената поарди кое сите класи би се соединиле? Зарем тие не можат да се борат сплотено против условите и ситуациите кои ги опресираат? Нели е возможно жалоста и патењето кои жените ги делат во овој момент да ги омекнат канџите на класниот антагонизам и обезбедат заеднички аспирации и заеднички акции за жените од опозитните групи? Можеби тоа нема да биде базирано на заеднички желби и цели, но дали соработка помеѓу жените буржуи и жените пролетери може да стане возможно? 

Феминистките се борат со цели за послободна форма на брачната заедница за “правото на потомство”; дигајќи ги своите гласови во одбрана на проституцијата, зло што е прогонувано од сите. Литературата на феминистките е богата со барања за нови форми на врски и преку ентузијастички ултиматуми за “морална еднаквост” на половите. Нели е вистината дека жените буржуи во сферата на економската слобода заостануваат назад позади милионска армија на силни жени пролетери кои се преводнички на патот кон креирањето на “новата жена”, но во борбата за солуција повод прашањето за семејството фамозните нежни пеперутки се обраќаат на феминистките?

Во Русија, жените припаднички на средно буржоаските кругови-онаа каста на независни работници фрлени на маркетот на трудот во 1860-тите-веќе долг период се навикнати да практикуваат многу од конфузните делови повод прашањето за бракот. Храбро ја променија “консолидацијата” на семејството кое потекнуваше од традиционалниот црквен брак со поеластичен тип на релација која ги задоволува површинските природни и социјални потреби. Субјективната солуција повод ова прашање ни малку не ја менува ситуацијата и ги олеснува мрачните околности на целокупната слика на семејниот живот. Ако постои сила која делува деструктивно врз модерната форма на семејството, тоа не се мегаломанските обиди на разни силни индивидуи туку напротив на мртвите сили на продукцијата, кои некомпромитирачки го носат во пораст животот изграден на нови принципи…

Херојската борба на жените буржуи кои флертуваат конфронтирачки и заповедаат на опшеството да им го даде правото на “избор на партнер” без закони и синџири и етикети, треба да служи за пример на сите жени кои тонат гнијат во семејните синџири-ова е она што се проповеда во редовите на поедуцираните еманципирани феминистки надвор и на нашите прогресивни либералки кај нас. Со други зборови прашањето за бракот, низ нивната призма е решен без да се поентира кон екстерните услови; решено е независно, надвор од рамките на промените на економската структура на опшеството. Изолираните херојски подвизи на индивидуи се доволни. Овозможи и на жената само едноставен “предизвик”, и проблемот повод прашањето за бракот е решен. 

Помалку херојски настроените жени само се запрепастени и не можат да поверуваат. “За хероините во новелите се е прекрасно благословени од мудриот автор со квалитети на независност, несебичност, пријатели и извонредни квалитети на шарм, кои се доволни да ја фрлат ракавицата на предизвик. Но што со тие кои немаат капитал, дефицит на средства, немаат пријатели и ни малку шарм? ” А прашањето за потомството го прогонува интелектот на жената која тежнее кон слобода. Дали ”слобода на избор на партнер” е возможна? 

Дали може да се сфати како чест феномен како генерално прифатените норми, во контекст на индивидуални исклучоци, каде е видлива економската структура на опшеството. Дали е возможно да се игнорира елементот на приватната сопственост во современата брачна заедница? Дали е возможно во свет на индивидуализам, да се игнорира формалноста на брачната заедница без притоа да се наштети на жената? Затоа што брачниот договор претставува единствена гаранција дека тешкотиите на мајчинството нема да паднат единствено само врз грбот на жената. Дали истото тоа што му се случило на работникот некогаш, нема сега да и се случи на работничката? 

Отстранувањето на трговските регулации, без реставрација на нови права во корист на господарите штитејќи ги односите на профитерите, даде апсолутна моќ на капиталот врз работниците. Искушувачкиот слоган “слободен пазар на труд и капитал” стана средство за голата експлоатација на трудот од капиталот. “Слобода на избор на партнер” константно инаугуирана во модерното класно опшество, наместо да ги ослободува жените од товарот и тешкотиите на семејниот живот, сигурно е дека само ќе и наметне нов товар врз рамената-задачата за грижа за децата, која ќе падне единствено на неа самата, без никаква помош.

Само многубројни фундаментални реформи во сферата на социјалните релации-реформи  кои  би ги трансферирале обрвските околу семејството кон опшеството и државата-само на овој начин може да се креира ситуацијата каде принципот на “слобода на избор на партнер” би била исполнета до некој степен.  Но дали сериозно можеме да очекуваме модерниот класен систем, колку и демократски да е настроен, да ги превземе врз себе должностите кон мајките и децата што во сегашноста се превземени од таа индивидуалистичка институција, модерното семејство? 

Само фундаменталната трансформација на целокупните продуктивни релации може да создаде социјални предуслови со цел да ги заштити жените од негативните аспекти на матрицата на правото “слободен избор на партнер”. Нели сме свесни за изопаченоста и абнормалностите кои во сегашни услови сакаат да се пренесат под оваа комфортна етикета? Земете ги во предвид сите тие џентлмени кои поседуваат и контролираат огромни индустриски корпорации кои присилуваат жени на нивното работно место воедно и службеничките за да ги задоволат нивните сексуални каприци и импулси, користејќи метод на заплашување преку разрешување и откази за да дојдат до посакуваните фантазии. На свој начин, дали и тие практикуваат “слобода на избор на партнер”? Сите тие “монарси на куќата” кои ги силуваат своите слугинки и потоа ги отфрлаат трудни по улиците, дали тие се придржуваат кон формулата “слободен избор на партнер”.

Ние не проповедаме таков начин на “слобода” гласно протестираат патроните на слободниот избор на брак. Напротив, ние инсистираме да се прифати “индивидуалниот морал” еднаков и перманентен за двата пола. Ние сме против сегашната сексуална авторизација, и за нас само принципиелната, морална унија е базирана на вистинската љубов.” Но, драги мои другари и другарки, дали вие мислите дека вашиот идеал за “слобода во бракот” кој се практикува во условите на сегашното опшество, дека може да произведе резултати кои се разликуваат од дисторзираниот начин на кој се практикува сексуалната слобода? 

Единствено кога жените се ослободени од сите материјални тешкотии кои во сегашноста креираат еден вид на двојно зависење од капиталот и од сопругот, дали концептот на  “слобода на избор на партнер” може да се имплементира без да донесе нови опресии, тешкотии за жената која се буди. Како што жените одат на работа и освојуваат економска независност, извесни можности се појавуваат за “слободен избор на партнер”, посебно за интелектуалките жени кои се подобро платени. Но зависноста на жените од капиталот останува, и оваа зависност расте се повеќе и повеќе и се повеќе жени пролетери се принудени да го продаваат својот труд. Слоганот “слободен избор на партнер” дали е способен да ја подобри жалната слика на егзистенцијата на овие жени, чија заработка е чисто колку да преживеат?

Извор: Одбрани текстови на Александра Колонтаи

Превод на текстот од англиски јазик Гордана Ристовска