Објавено на 8 март 2021 од Il Grido del Popolo©
Ниту едно големо движење на угнетените не поминало во историјата на човештвото без учество на работните жени. Работните жени се најугнетените од сите угнетени, никогаш не останувале и не можеле да останат настрана од големиот пат на ослободителното движење. Ослободителното движење на масите како што е познато, издигна стотици и илјади големи маченици и хероини. Во редовите на борците за ослободување на кметовите застанаа десетици илјади жени трудбенички. Не е ни чудо, што револуционерното движење на работничката класа, најмоќното од сите ослободителни движења на угнетените маси, привлече под свое знаме милиони работни жени.
Меѓународниот ден на жената е показател на непобедливоста и преставник на големата иднина на ослободителното движење на работничката класа.
Работните жени, работнички и селанки, се огромна резерва на работничката класа. Таа резерва претставува цела половина од населението. Дали ќе биде женската резерва со работничката класа или против неа – од тоа зависи судбината на пролетерското движење, победата или поразот на пролетерската револуција, победата или поразот на пролетерската власт. Затоа првата задача на пролетеријатот и на неговиот водечки одред, Комунистичката партија, се состои во тоа, да поведе решителна борба за ослободување на жените, работничките и селанките од влијанието на буржоазијата, за политичко просветување и организирање на работничките и селанките под знамето на пролетеријатот.
Меѓународниот ден на жената е средство за придобивање на женската работна резерва на страната на пролетеријатот.
Но работните жени не се само резерва. Тие можат и – при правилна политика на работничката класа – треба да станат вистинска армија на работничката класа, дејствувајќи против буржоазијата. Да се искове од женската работна резерва армија на на работничките и селанките, која ќе дејствува рамо до рамо со големата армија на пролетеријатот – втората клучна задача на работничката класа.
Меѓународниот ден на жената треба да стане средство за трансформација на работничките и селанките од резерва на работничката класа во активна армија на пролетерското ослободителното движење.
Да живее Меѓународниот ден на жената!
”Правда” бр. 66, 8 март 1925 година.