“To tell the truth is revolutionary” ― Antonio Gramsci

Медиумскиот спектакл ја креира нашата реалност

Објавено на 10 ноември 2020 од IL GRIDO DEL POPOLO
Нашата реалност, или таа реалност која по некој непишан консензус ја прифаќаме како единствена, е преполна од слики директно произлезени од медиумскиот спектакл. “Општеството на спектаклот” за првпат се спомнува во книгата на Gi Debor 1967 година, при што тој овој феномен го дефинира како „настан што е комбинација на слики, предмети и искуства кои немаат многу врска со реалниот живот“. Феноменот спектакл е неопходно да остави многу силен впечаток врз публиката, конзументите, обликувајќи ја нивната реалност, потпирајќи се од искуствата од секојдневниот живот, лукаво нудејќи производи кои видно ќе го подобрат живеењето на луѓето. Gi Debor се потпира на идеите на Маркс за опседнатоста со стоката, дека работниците се третираат како стока и дека стоката, односно производот како таков, почнува да владее и со работниците и со потрошувачите. Теоријата се однесува исклучиво на стоковното производство, т.е. на случаи во кои стоките и услугите се „произведени со намена да бидат разменети“ (Маркс) или, исто, произведени како стоки. Во овој перветиран амбиент во контекст на човечката етичност, потрошувачите се етикетираат како пасивен елемент кој прифаќа само што им се сервира. Гледачите се само неми и послушни учесници во една тривијална претстава зад која стои неолибералниот профит на големите компании и доминантните политики ви општеството. Публиката е маѓепсана, не размислува критички за тоа што го гледа и слуша, од сите сфери на живеењето, од економија, вести до забавни емисии.
ЛАЖНА РЕАЛНОСТ
Денес живееме во континуиран медиумски спектакл кој се состои од неколку натрупани спектакли, произведени од ТВ и нетот. Спектаклот се манифестира како општество, негов дел, но и средство за обединување. Во исто време спектаклот е единсттвениот официјален јазик на поделба. Ако го набљудуваме како множество на слики, ќе сфатиме дека се работи за тоа дека тој е општествен однос помеѓу луѓето посредува преку слики. Овие слики не обединуваат туку раздвојуваат, длабоко, суштински. Спектаклот е измама, лажна реалност, произлезена од неолибералната матрица, со единстеван цел – профит на корпорациите. Спектаклот не е поврзан само со технологијата на 20 -от и 21-от век, туку постоел во историјата на човештвото. Даглас Келнер ги посочува Античките Грци, на пример, кои имале Олимписки игри, разни фестивали, дебати, но и демонстрација на воени вештини, како и Античките Римјани јавни обреди, циркуси, гладијаторски борби и помпезни прослави, гозби со оргии.
Кога ќе се спојат спектаклите на античкиот свет и технологијата, со новата технологија во видео игрите, времето како да не поминало, повторно Спартак сече глави со мечот, експлицитно, хиперреално, длабоко понирајќи во свеста на осумгодишнотото дете, станувајќи дел од неговата реалност. Звукот и сликата полна со семиотика на времето на насилство кое не изминува, стануваат вид на ритуал, дури и позачестен спектакл од оној во античкото време. Децата дури и по десет часови без прекин не само што гледаат, туку и активно учествуваат во овие игри. Келнер се осврнува на медиумите и нивното намерно претерување на пример со насловите на ТВ вестите или порталите, обликувајќи ја стварноста. Како изамамата станува стандард? Преку сензационализмот, конструкција на зборови извлечени од контекст на настанот, претворајќи обична, секојдневна информација во големо шоу, полно со претерувања, дизајанирано да пренесе извесна порака на гледачот, истовремено забавувајќи гo конзументот.
На пример насловот – Меланија се плаши од Доналд Трамп, каде што се цитира анализа на познат графолог, кој тврди дека според ракописот на првата дама на САД може да се донесе заклучок дека таа e смртно исплашена од нејзиниот сопруг. Пораката е силно политичка, се посочува мизогинијата на Трамп, пред изборите, за да се одвлечат женските гласачи од заокружување на неговата политичка опција на престојните избори. Насловите свесно или несвесно личат еден на друг, ги има многу, премногу, сосема доволно да ја обликуваат “вистината” во која треба да верува гледачот или читателот. Реалните шоуа се продуцентско режисерска реалност, тие стојат зад целата таа програма, која е далеку од реалноста. И покрај свесноста на гледачите дека најголемиот дел од сцените се создадени од продуцентите и режисерите, дека не се спонтани, дека таа спонтаност е исценирана, тие ги гледаат. Целта на медиумскиот спекатакл е да ја креира новата стварност, која ете, за чудо, и покрај извесната свесност дека се работи за чиста измама е прифатена од конзументите со задоволство. Спортските настани, Лигата на шампионите, Новак Ѓоковиќ и неговите вештини на тенискот терен стануваат поголеми од животот, поважни од семејниот ручек, од прошетката низ природа, од насмевката на родените деца. Се дише за следниот дуел на Новак, тој е божество, идол, тотем, на кој му се жртвуваат дел од најубавите мигови од животот. Радоста и восхитот му се наменети нему, не на емпатијата и солидарноста со сиромашните соседи.
СО НЕХУМАНОСТ ДО ПРОФИТ
Во исто време напорот и парите што се наменети за телевизиските права и медиумското покривање се неверојатно големи. Капитализмот како крајно нехуман систем, во името на профитот ја менува стварноста, ја оттргнува од животот на човекот и го поставува профитот над животот. Профитот е единствената стварност. Што гледаат, слушаат и читаат конзументите? Чиста пропаганда. Најчесто овој поим се употребува во политички контекст, особено кога се однесува на проекти продуцирани од влади политички партии, невладини организации поврзани со корпорации во корумпциска љубов. Во општеството на спектаклот длабоко е врежана моќната пропаганда со сите свои алатки. Астротурфинг е форма на пропагирање, прикривајќи се, создавајќи привид на спонтаност ги застапува интересите на на која корпорација или политичка партија. Со јазикот на камерата, монтажата, и над се сценариото и режијата се претставува како порака од јавен интерес, а всушност зад неа се крие чист корпоративен интерес или политичка агенда. Одличен пример се одредени групи на луѓе кои се задолжени за подигање и подобруање на имиџот на некоја партија, измислувајќи, спинувајќи информации за некоја личност, на пример за личниот живот.
Во суштина, луѓето се потценети со евтината, ступидна програма, наслови, тесктови, со крајно спинувачки карактер. Публиката престанува да гледа и ваквите програми ќе бидат откажани. Не, нема. Причината за ова лежи во фактот дека, иако рејтингот е основната единица мерка на програмата, вреди да се запамети дека денес живееме во злобно капиталистичко општество. Компаниите кои ги пласираат своите производи исто така креираат програма со директно избирање за што да платат, и според тоа на што ќе инсистираат медиумите. Со други зборови, како личност е социјално суштество и се труди да се поврзе со други луѓе, секој медиумски спектакл е потенцијална основа за наоѓање на заеднички теми. Убаво е да се зборува за класична уметност, сериозни литературни дела и филозофија, но големи се шансите во секојдневните разговори со пријателите да зборувате за нешто што е помалку комплицирано, второ популарно и актуелно во вашето опкружување.Затоа, спектаклот победува, со евтиноста, која сметам дека е длабоко во спротивност со духовниот потенцијал на луѓето.
ЛУЃЕТО ЈА САКААТ ВИСТИНАТА
Поради ова, медиумскиот спектакл всушност опстојува како феномен, или така изгледа. Ако размислите за тоа, сигурно ќе ги запомните сите оние луѓе кои „не гледаат реални шоуа“, но затоа тие знаат кој со кого се скарал, кој кого тепал, а богами и кого кого сака. Во суштина, публиката не е желна за лоша програма и евтина забава. Луѓето не сакаат да им се сервираат лажни или полулажни вести , спинирани, омаловажувачки, дефокусирачки до крајност. Луѓето сакаат да бидат реално иниформирани, сакаат вистина. За општеството е најважно луѓето да бидат во тек, да знаат дека живеат во одговорно општетсво, а не во општество на лаги. Ова го проширува вашиот социјален круг и напредувате во таа област. Не мора да значи дека публиката ќе ја пофали програмата – луѓето можат да се поврзат критикувајќи нешто заедно, но сепак треба да бидат во тек со програмата за да можат да зборуваат за тоа.
Економската хегемонија го создава спектаклот, па во економски развиените земји доминира во секој општетстен сегмент. владеачката класа го создава, го конципира овој свет на измама во која индивидуата се губи се обезличување. Во еден момент се раѓаат лажните револуционери и лажните револуции. Во индустриските развиени и помалку развиени држави ова квази добро, псевдо позитивно ги поттикнува лажните револуционери да се прикажат во полн сјај. Како изгледа кога корумпираниот бирократски апарат на државата од страна на големите компании, ги контролира медиумите, посебно телевизиите и нет порталите, се служи со спектаклот како алатка за пропаганда на своите политики. Рекламирајќи ја својата економска политика на пример, намалување на даноците преку реклами на ТВ, но и на социјалните мрежи, преку демагошко патетични подвижни слики спектаклот е во форма на политичка пропаганда. Лажната опозиција, паралелно со власта исто така се служи со измама во вид на реклама, исто толку брутално и агресивно.
ПРОПАГАНДНИ ТЕХНИКИ
Најчесто овој поим се употребува во политички контекст, особено кога се однесува на напори спонзорирани од влади или политички групи. Пропагандни техники се: повикување на патриотските чувства, неосновани воопштувања, намерна неодреденост, преголемо упростување на комплексни прашања, рационализација, апелирање, употреба на кратки пароли, на еуфемизми, создавање стереотипи, непотврдени претпоставки, употреба на мислења на познати лица или авторитети и слично. Денес пропагандата има негативен призвук, поради што нејзините извршители своите пропагандни активности најчесто ги нарекуваат односи со јавноста. Добар пример е астротурфингот. Астротурфинг е форма на пропагирање, често во знак на поддршка на политичка или корпоративна агенда со цел да создаде конфузија во известувањето, да пренасочи внимание од реалноста и приоритетите. Целта на ваквата неетичка пропаганда е да се прикрие одреден политички или корпоративен интерес, да се дезинформира јавноста, да се пренасочи нејзиното внимание од круцијални проблеми.
Со гласовите на владејачкото мнозинство (19.07.2011) во македонскиот парламент беше изгласана амнестија за преостанатите четири случаи на воени злодела од припадниците на поранешна Она. Само 11 дена подоцна се затвори најгледаната телевизија во Македонија А1 телевизија, против која се водеше жестока пропаганда на тогашните провладини медиуми. Во сенка на таа пропаганда против А1 телевизија се случи една од најбизарните, најзлосторнички амнестии во историјата на Македонија. Медиумите продолжија да го масираат овој настан, со спектаклот на дочек на македонската кошаркарска репрезентација 2011 година во септември, која на Евробаскетот се пласираа на четврто место. Во исто време Уставниот суд на Република Мкледонија ја разгледуваше уставноста на амнестијата за Хашките случаи. Маскирањето на вистината, превртувањето на круцијално настан во кој беа направени воени злсоторства врз цивили беше покриен со затворање на телевизија. со спектакуларното долчекување на кошаркарите на плоштад. Сите камери беа вперени во погрешна насока, кон други настани, добро исценирани и режирани, со скапа продукција.
Астротурфингот најчесто е инициран од страна на поединец или група на луѓе кои промовираат цели во корист на одреден личен интерес, симулирајќи масовност и злоупотребувајќи ги медиумите и поширокиот јавен интерес. Зад блескавата надворешност на спектаклот, во современото општество доминира тенденцијата кон општа банализација, дури и кога поразвиените форми на потрошувачка на стоки навидум го множат изборот помеѓу различни улоги и предмети. Дали е возможен бунт он оваа тривијалност, кон овој репресирачки апарат на општеството на спектаклот. За жал, самото незадоволство ќе стане стока која како во рекламата на Златен даб ќе ги прикаже луѓето на работ, класно неосвестените, сиромашни, но обединети во едно- ќе го конзумираат производот (пиво) кое ќе ги оттргне од реалноста па ќе денсаат среќни до бесвест. Општеството на спектакл го окристи како тригер незадоволството, со це профит, и само профит.

 

 

Автор на текстот: Ана Глигорова

 

Your Header Sidebar area is currently empty. Hurry up and add some widgets.