“To tell the truth is revolutionary” ― Antonio Gramsci

Александра Колонтаи – Социјалната основа на прашањето за жената

 

Александра Колонтаи – Жените и Марксизмот  

 

“Социјалната основа на прашањето за жената” 

 

Извор: Одбрани текстови на  Александра Колонтаи 

Објавено: за прв пат: 1909 година во форма на памфлет

Превод: Гордана Ристовска

 

Оставајќи на буржоаските научници да се навлажнуваат истите низ дискусија околу прашањето на супериорноста на еден род/пол врз друг, или во измерувањето на мозоците и споредбата на психичката структура на мажите и жените, следбениците на историскиот материјализам комплетно ја прифаќаат природата на спецификациите на секој род и проповедаат секоја индивидуа, без разлика дали е маж или жена, имаа реална шанса за комплетно и слободно самоопределување, и најширок простор за развој и апликација на  сите природни склоности и инстинкти. Следбениците на историскиот материјализам го одбиваат постоењето на специфичното прашање  за жената одвоено од генералното социјално прашање на денешницата. Специфичните економски фактори стоеја како позадина за субординацијата на жената, а природните прилики беа втор фактор во овој процес. Само конечното исчезнување на овие фактори, и единствено силната еволуција во одреден момент во минатото доведе до издигнување на субјективизирање на жените, и може да има фундаментално влијание за промена на нивната социјална позиција. Со други зборови, жените може да станат слободни во вистинска смисла на зборот и еднакви само во организиран свет со нови социјални и продуктивни наративи.

 

Сеедно, ова не значи дека половичното подобрување на животот на жените во рамката на модерниот систем е невозможно. Радикалната солуција во повод на работничкото прашање е возможна само преку комплетна реконструкција на современите продуктивни врски; но дали ова мора да не спречи да работиме на реформите кои ќе служат за сатисфакција на најосновните интереси на пролетеријатот? Напротив, секоја придобивка на работничката класа претсавува чекор кој човештвото го води поблизу до кралството на слободната и социјалната еднаквост: секое право кое жената ќе го извојува ја носи се поблизу до целта на комплетна еманципација.

 

Социјалистистите беа меѓу првите кои во програмата проповедаа еднаквост на правата на жените со оние на мажите; преку разни говори и текстови партијата бараше секогаш и секаде повлекување на лимитите кои ги ограничуваат жените; самото влијание на партијата ги присили и останатите партии и владеачки класи да носат реформи во корист на жената. Во Русија оваа партија не стои позади жената во одбрана само од теоретски аспект туку и константно се придржува кон принципот на еднаквост на жената.

 

Што во овој случај ги спречува нашите ”либерали” од прифаќање на поддршката на оваа силна и искусна партија? Фактот е дека колку и “радикални” да се либералите, нивната лојалност сеуште лежи во нивната буржоаска класа. Во моментов политичката слобода е есецијален предуслов за растот и моќта на Руската буржоазија, без тоа, целата економска благосостојба на истите ќе излезе дека е изградена врз зрнца песок. Потребата за политичка рамноправост на жената е веќе нешто што е нужно кое произлегува од самиот живот.

 

Слоганот “пристап до професиите” веќе стана излишен; само преку директното учество во власта ветува подигање на економскиот статус на жената. Оттука потекнува и пасијата на жената од средно буржоаските кругови да ја добие франшизата, и оттука потекнува нејзиното непријателство и омраза кон модерниот бирократски систем.

 

Во секој случај, во нивните барања за политичка едаквост нашите феминистки се како нивните странски сестри; широки хоризонти отврени од социјалистичкото учење остануваат страни и несфатливи за нив. Феминистките бараат еднаквост во оквирот на постоечката класа во опшеството, тие во ниеден случај не ја напаѓаат базата на системот. Се борат за личните привилегии, без притоа да атакуваат на постоечките привилегии и овластувања. Ние не ги обвинуваме претставничките на буржоаското движење на жените за неуспех што не ја разбираат суштината; нивната перспектива извира неизбежно од нивната класна позиција…

 

Борбата за Економска Независност

 

Пред се мора да се запрашаме себеси дали движење на слободни и обединети жени е возможно во систем кој е изграден на класна контрадикција. Фактот што жената зема учество во движење за слобода, за секој непристрасен набљудувач не претставува една чиста хомогена маса. 

 

Женскиот свет е поделен, како што е и оној на мажите, и тоа на два дела; интересите и аспирациите на една група на жени е поблизок до буржоаската класа, каде другата група има поголема приврзаност со пролетеријатот, и нивните барања за ослободување опфаќаат целосна солуција по повод прашањето за жените. Иако двете групи се водат од ист слоган “слобода на жените”, нивните цели и интереси се различни. Секоја група несвесно ја завзема  стартната позиција од интересот на сопствената класа, при што ова дава на специфичната класа да ги бои и бира своите цели и задачи кои си ги поставува самата…

 

Без разлика колку радикални да се барањата на феминистките, не смее да се изгуби од вид фактот дека феминистките не можат поради нивната класна позиција, да се борат за таа фундаментална трансформација на современата економска и социјална структура на системот без кој ослободувањето на жената не може да биде комплетен.

 

Ако во одредени околности краткорочните задачи на жените од сите класи се совпаѓаат, а конечните цели на двете групи се тие кои долгорочно ја одредуваат дирекцијата на движењето и тактиките кои ќе треба да се користат, ќе се разликуваат нагло. Кога за феминистките успехот за рамноправност со мажите во рамките на современтиот капиталистички свет претставува конкретен крај, еднакви права во сегашно време, за жените работнички е само чекор напред во борбата против економското ропство на работничката класа. Феминстките ги гледаат мажите како нивен единствен непријател, затоа што мажите неправедно ги присвоиле сите права и привилегии за себе, оставајќи им на жените само обврски и ропство. За ним победата е извојувана кога привилегијата што ја ужива машкиот пол е дадена и на “понежниот пол”. Жените пролетери имаат поинаков пристап и став. Тие не го гледаат мажот како непријател и опресор; напротив, тие гледаат на мажите како на нивни другари, со кои ја делат експлоатацијата на дневна основа и со кои се борат заедно за подобра иднина. Жената и нејзиниот другар од спротивниот пол се поробени и во иста социјална положба; истите синџири на капитализмот им ја опресираат волјата и ги лишуваат од радостите и бенефитите на животот. Вистината е дека повеќе специфични аспекти на современиот систем имаат двојна тежина врз жената, исто како што е вистина дека ангажирањето на женската работна сила понекогаш ги претвора во натпреварувачки и ривали на мажите. Но во ваквите невкусни и неповолни ситуации, работничката класа знае кој е виновникот…

 

Жената работник, не помалку од својот брат во невоља, го мрази истото тоа незаситливо чудовиште со позлатена муцка, на кое единствен интерес му е да ја исцеди  и последната капка пот  од неговите жртви и да порасне на грбот и трошокот на труд на милион човечки животи, фрлајќи ја зависта еднакво кон мажите, жените и децата. Од друга страна аспирациите на жените буржуи, се чудни и несфатливи. Тие воопшто не допираат ниту го топлат срцето на пролетеријатот; тие не ветуваат светла иднина на жените пролетери, иднина кон која очите на сите екплоатирани луѓе се вперени…

 

Целта на жената работник секако дека не е да ги спречи истите од желбата да го подобрат својот статус дури и во околината на нивниот буржоаски систем, но разбирањето на овие желби е константно отежнато од пречките кои произлегуваат од самата природа на капитализмот. Жената може да биде слободна и да поседува еднакви права само во свет на социјализам, свет на хармонија и правда. Феминистките се неподготвени и неспособни да го сфатат тоа; за ним еднаквоста изгледа е формалност која е законски прифатена на лист хартија дека тие ќе бидат во можност да добијат комфорно место за себе во истиот тој стар изживеан свет на опресија, ропство и субјективизирање, свет на тешкотии и солзи. И ова е вистина до одреден степен. За мозинството жени работнички, еднакви права би значело еднаква делба на нееднаквоста, но за “привилегираните”, за жените буржуи, би отворило порти кои водат кон нови права и привилегии кои до тогаш биле уживани само од страна на мажите припадници на буржоаската класа. Секое право и привилегија освоено од жената буржуј и дава на неа ново орудие за експлоатација на нејзината сестра и ја зголемува раслоеноста меѓу жените од двете опозитни групи. Нивните интереси ќе бидат во поостар конфликт, а нивните аспирации во повоочлива контрадикција.

 

Каде е тогаш она генералното “прашање за жената”? Каде е таа унија на заеднички задачи и аспирации за која феминстките имаат толку многу да кажат? Трезвен поглед на реалноста точно покажува дека таква унија не може да постои. Феминистките во заблуда се трудат да се осигураат себеси дека “прашањето за жената” нема ништо задничко со тоа за политичка партија и дека “солуцијата лежи единствено  во можноста на учество на сите партии и сите жени”; како што една радикална феминстика од Германија рекла, логиката на фактите не тера да ја отфрлиме оваа утешна заблуда од феминизам…

 

Условите и формата на продукција се факторот кој низ историјата влијаел за доминација врз жените, и постепено ги довел до инфериорен статус, опресија и зависност во услови во кои живееле до сега.

 

Колосалното издигнување на целокупната социјална и економска структура беше потребно за жените, за да можат да почнат да си го враќаат нивното значење во системот и независноста. Проблематиките кои своевремено изгледаа претешки дури и за најинтелектуалните умови сега беа решени од мртви но екстремно силни услови на продкција. Истите тие сили кои илјадници години ја поробуваа жената, сега во понапредна фаза на развој ги водат истите кон патот на слободата и независноста.

 

Прашањето за жената завзеде значајна улога за жената буржуј приближно кон средината на деветнаесеттиот век-значителен период после кој во арената доаѓа жената пролетер. Под инфлуенцијата на монструозниот успех на капитализмот, средната класа на популацијата беше погодена од бран на потреби. Економските промени ја дестабилизираа финансиската ситуација на ситната и средната буржоазија, со што жените буржуи беа соочени со дилема од заштрашувачки размери, или прифаќање на сиромаштијата, или здобивање со правото на работа. Жени и ќерки од овие социјални групи почнаа да тропаат по вратите на универзитетите, на уметничките салони, по издавачки куќи, канцеларии, преплавувајќи ги професиите кои беа резервирани за нив. Жедта на жената буржуј да добие пристап до науките и високи културни бенефити не пристигна оддеднаш, потребата беше созреана но произлезе од прашањето повод “преживување”.

 

Од самиот почеток жените буржуи наидоа на ригиден отпор од мажите. Тврдоглава борба се водеше помеѓу мажите бизнисмени, приврзаниците кон нивните “комфортни ситни професии” и жените кои беа почетници во однос на заработката на нивниот леб. Оваа борба доведе до издигнување на “феминизмот”- обидите на жените буржуи да застанат заедно во натпревар против нивниот непријател, против мажите. Како што стапнаа на сцената на трудот овие жени, така горделиво реферираа кон себеси дека се “авангардата на движењето за жените”. Но, тие заборавија на фактот во однос на овој циклус на економска независност кои беа тие, како и во другите сфери, дека одеа по стапките на нивните сестри и ги збираа плодовите од трудот и напорите на нивните испукани и плускави раце.  

 

Дали е реално возможно да се зборува дека феминистките се пионерки на женскиот труд, кога во секоја држава стотици илјади жени пролетери ги преплавија фабриките и работилниците, земајќи една гранка на индустирјата по друга, и тоа пред раѓањето на движењето од страна на жените буржуи? Единствено фактот што жените работнички добија рекогниција на светскиот пазар на трудот е благородно нешто и каде што жените буржуи беа способни да завземат независни позиции во опшеството и поради кое феминистките стојат горди на истото.

 

Нам дури ни е и тешко да поентираме кон еден факт во историјата на борбата на жената пролетер за подобрување на нејзините материјални услови во која феминистичкото движење значително влијаело. Што и да постигнале жените пролетери во сферата на подигање на нивните животни стандарди е резултат на неуморливиот труд на работничката класа генерално и на самите жени воедно. Историјата на борбата на работничките за подобри услови на работа и за подобар и попристоен живот е историја на борбата на пролетеријатот за неговото ослободување.

 

Што ако, стравот од опасноста на експлозија на незадоволсвото на пролетеријатот, ги принуди сопствениците на фабриките да ја покачат платата, намалат работното време и воведат подобри услови за работа? Што ако, стравот од “работнички немири” штрајкови, ја убеди власта да воведе закон за ограничување на експлоатацијата на трудот од капиталот?…

 

Ниту една партија во светот не завзеде став за одбрана на жената како што тоа го направи социјалистичката. Жената работничка прво и основно е припадник на работничката класа, и колку позадоволителна е позицијата и генералната благосостојба на секој припадник на пролетеријатот, толку поголем е бенефитот на подолг период за комплетно цела работничка класа.

 

Соочувајќи се со порастот на социјалните потешкотии, искрениот  борец за каузата мора да застане во тажно зачудување. Таа не може а да не увиди  дека генералното движење за жената не сторило скоро ништо за жената пролетер, колку неспособно е истото за подобрување на работните и животните услови на работничката класа. Иднината на човештвото мора да изгледа сиво, безживотно и несигурно за тие жени кои се борат за еднаквост но не ја прифаќаат перспективата на тоа како пролетеријатот гледа на светот или да имаат развиено силна верба во доаѓање на перфектен социјален систем. Додека капиталистичкиот свет привремено останува непроменет, ослободувањето за нив изгледа некомплетно и парцијално. Каков круг на очај изгледа ги опфаќа дел од овие жени оние кои се посензитивни и понежни. Единствено работничката класа е способна за одржување на моралот во модерниот свет со сите негови дисторзирани искривени социјални релации. Низ одлучни и калкулирани чекори таа напредува полека до својата цел. Ја носи жената работничка на нејзиниот ранк. Жената пролетер настапува храбро на трнливиот пат на трудот. Нејзините нозе тонат; нејзиното тело е уништено. На патот стојат опасни провалии, и безмилосните грабливи ѕверови се близу.

 

Но само преку овој пат жената е во можност да ја постигне таа далечна но привлечна цел-нејзиното комплетно ослободување во нов свет на трудот. Низ овој тежок марш кон светлата иднина на жената пролетер, која беше деградирана, опресиран роб без никакви права, го отфрла ропскиот менталитет кој се прилепил до неа, чекор по чекор се трансформира себеси во независен работник, независна идивидуа, слободна самата да бира љубов и со кого ќе практикува сексуални врски. Таа се бори во редовите на пролетеријатот, кој треба да извојува победи за жената да има работно право; таа е, “помладата сестра”, која ја подготвува почвата за “слободни” и ”еднакви” жени на иднината.

 

Тогаш со која цел, треба работничката да бара унија со буржујските феминистки? Кој во таков случај ќе има добивка во таква соработка? Сигурно нема да биде жената работник. Таа е спасителка на себеси; нејзината идина е во нејзиите сопствени раце. Жената работничка ги брани интересите на нејзината класа и не е заблудена од некои слатки говори за “свет за сите жени”. Жената пролетер не смее и не си дозволува да заборави дека целта на жената буржуј е да се осигура себеси и нејзината благосостојба во рамките на опшество кое е антагонистичко на нашето, нашата цел е да се гради, на местото на стариот, надживеан свет, нов храм на универзален труд, другарство солидарост и ведра слобода…

 

Бракот и Проблемот со Семејството

 

Да го свртиме нашето внимание на друг аспект по повод прашањето за жената, прашањето за семејството. Важноста на копмлексноста за солуција на ова итно прашање поради еманципацијата на жената е добро познато. Борбата за политички права, за права на достигнување на докторати и академски квалитети, и поради еднаквоста на платата за еднакоста на трудот, некомплетно сумирано во борбата за рамноправност. За жената да биде комплетно слободна мора да се ослободи од тешките синџири на сегашната форма на семејството, кое е старомодно и опресивно. Солуцијата за жената повод прашањето за семејството не ништо помалку важна од остварувањата на политичката еднаквост и економската независност.

 

Во денешната форма на семејство, структурата на кое е изградено врз база на традиција и закон, жената е опресирана не само како индивидуа туку и како мајка, и во мнозинството цивилизирани земји граѓанскиот закон ја става во поголема или помала зависност од нејзиниот сопруг, и го наградува сопругот не само со правото да се ослободи од нејзиниот имот туку и со правото на морална и физичка доминација врз неа.

 

Каде  што завршува легалното ропство, таму започнува силата на “државното мислење”. Јавното мислење е креирано и поддржано од буржоазијата со крајна цел на сочувување “светињата на институциoналните богатства”. Хипокризијата на “двојните стандарди” е уште едно орудие. Буржоаското опшество ја уништува жената со своите економски пороци, вреднувајќи и го трудот минимално. Жената е лишена од граѓанското право на подигање на нејзиниот глас во одбрана на нејзините интереси: наместо тоа, грандиозно и е поклонета алтернативата на ропството на брачната заедница или прифаќање на проституцијата- бизнис кој е прогонуван и презиран во јавноста но потајно поддржуван и охрабруван. Дали е потребно воопшто да се потенцираат негативните аспекти на современата брачна институција и патешествијата и позицијата кои жената ги искусува во сегашната брачна структура. На оваа тема е пишувано и кажано прилично опширно и во голем размер. Литературата е преплавена од депресивните слики на замките на брачниот и семејниот живот. Колку драматично и психолошки се имплементирани! Колку животи се осакатени! Важно е да нагласиме дека модерната структура на семејството, во помали или поголеми пропорции, ги опресира жените на сите класи и на сите слоеви на популацијата. Обичаите и традициите ја виктимизираат мајката без разлика на кој слој стратум на попоулацијата припаѓа; законите ги ставаат жените буржуи, жените пролетери и земјоделки, сите заедно под покровителство на нивните сопрузи.

 

Зарем ние на овој начин не го разголивме прашањето за жената поарди кое сите класи би се соединиле? Зарем тие не можат да се борат сплотено против условите и ситуациите кои ги опресираат? Нели е возможно жалоста и патењето кои жените ги делат во овој момент да ги омекнат канџите на класниот антагонизам и обезбедат заеднички аспирации и заеднички акции за жените од опозитните групи?  Можеби тоа нема да биде базирано на заеднички желби и цели, но дали соработка помеѓу жените буржуи и жените пролетери може да стане возможно? Феминистките се  борат со цели за послободна форма на брачната заедница за “правото на потомство”; дигајќи ги својот глас во одбрана на проституцијата, зло што е прогонувано од сите. Литературата на феминистките е богата со барања за нови форми на врски и преку ентузијастички ултиматуми за “морална еднаквост” на половите. Нели е вистината дека жените буржуи во сферата на економската слобода заостануваат назад позади милионска армија на силни жени пролетер, кои се преводнички на патот кон креирањето на “новата жена”, но во борбата за солуција по повод прашањето за семејството фамозните нежни пеперутки се обраќаат на феминистките?

 

Во Русија, жените припаднички на средно буржоаските кругови – онаа каста на независни работници фрлени на пазарот на трудот во 1860-тите – веќе долг период се навикнати да практикуваат многу од конфузните делови по повод прашањето за бракот. Храбро ја променија “консолидацијата” на семејството кое потекнуваше од традиционалниот црковен брак со поеластичен тип на релација која ги задоволува површинските природни и социјални потреби. Субјективната солуција по повод ова прашање ни малку не ја менува ситуацијата и ги олеснува мрачните околности на целокупната слика на семејниот живот. Ако постои сила која делува деструктивно врз модерната форма на семејството, тоа не се мегаломанските обиди на разни силни индивидуи туку напротив на мртвите сили на продукцијата, кои некомпромитирачки го носат во пораст животот изграден на нови принципи…

 

Херојската борба на жените буржуи кои флертуваат конфронтирачки и заповедаат на опшеството да им го даде правото на “избор на партнер” без закони и синџири и етикети, треба да служи за пример на сите жени кои тонат, гнијат во семејните синџири – ова е она што се проповеда во редовите на поедуцираните еманципирани феминистки надвор и на нашите прогресивни либералки кај нас. Со други зборови прашањето за бракот, низ нивната призма е решен без да се поентира кон екстерните услови; решено е независно, надвор од рамките на промените на економската структура на опшеството. Изолираните херојски подвизи на индивидуи се доволни. Овозможи и на жената само едноставен “предизвик”, и проблемот по повод прашањето за бракот е решен. 

 

Помалку херојски настроените жени само се запрепастени и не можат да поверуваат. За хероините во новелите се е прекрасно благословени од мудриот автор со квалитети на независност, несебичност, пријатели и извонредни квалитети на шарм, кои се доволни да ја фрлат ракавицата на предизвик. Но што со тие кои немаат капитал, дефицит на средства, немаат пријатели и ни малку шарм? А прашањето за потомството го прогонува интелектот на жената која тежнее кон слобода. Дали ”слобода на избор на партнер” е возможна? Дали може да се сфати како чест феномен како генерално прифатените норми, во контекст на индивидуални исклучоци, каде е видлива економската структура на опшеството. Дали е возможно да се игнорира елементот на приватната сопственост во современата брачна заедница? Дали е возможно во свет на индивидуализам, да се игнорира формалноста на брачната заедница без притоа да се наштети на жената? Затоа што брачниот договор претставува единствена гаранција дека тешкотиите на мајчинството нема да паднат единствено само врз грбот на жената. Дали истото тоа што му се случило на работникот некогаш, нема сега да и се случи на работничката? Отстранувањето на трговските регулации, без реставрација на нови права во корист на господарите штитејќи ги односите  на профитерите, даде апсолутна моќ на капиталот врз работниците. Искушувачкиот слоган “слободен пазар на труд и капитал” стана средство за голата експлоатација на трудот од капиталот. “Слобода на избор на партнер” константно инаугуирана во модерното класно опшество, наместо да ги ослободува жените од товарот и тешкотиите на семејниот живот, сигурно е дека само ќе и наметне нов товар врз рамената-задачата за грижа за децата, која ќе падне единствено на неа самата, без никаква помош.

 

Само многубројни фундаментални реформи во сферата на социјалните релации-реформи  кои  би ги трансферирале обрвските околу семејството кон опшеството и државата, само на овој начин може да се креира ситуација каде принципот на “слобода на избор на партнер” би била исполнета до некој степен.  Но дали сериозно можеме да очекуваме модерниот класен систем, колку и да е демократски настроен, да ги превземе врз себе должностите кон мајките и децата што во сегашноста се превземени од таа индивидуалистичка институција, модерното семејство? Само фундаменталната трансформација на целокупните продуктивни релации може да создаде социјални предуслови со цел да ги заштити жените од негативните аспекти на матрицата на правото  “слободен избор на партнер”. Нели сме свесни за изопаченоста и абнормалностите кои во сегашни услови сакаат да се пренесат под оваа комфортна етикета? Земете ги во предвид сите тие џентлмени кои поседуваат и контролираат огромни индустриски корпорации, кои присилуваат жени на нивното работно место воедно и службеничките за да ги задоволат нивните сексуални каприци и импулси, користејќи метод на заплашување преку разрешување и откази за да дојдат до посакуваните фантазии. На свој начин, дали и тие практикуваат “слобода на избор на партнер”? Сите тие “монарси на куќата” кои ги силуваат своите слугинки и потоа ги отфрлаат трудни по улиците, дали тие се придржуваат кон формулата “слободен избор на партнер”.

 

Ние не проповедаме таков начин на “слобода”, гласно протестирајќи како патрони на слободниот избор на брак. Напротив, ние инсистираме да се прифати “индивидуалниот морал” еднаков и перманентен за двата пола. Ние сме против сегашната сексуална авторизација, и за нас само принципиелната, морална унија е базирана на вистинската љубов. Но, драги мои другари и другарки, дали вие мислите дека вашиот идеал за “слобода во бракот” кој се практикува во условите на сегашното опшество, дека може да произведе резултати кои се разликуваат од дисторзираниот начин на кој се практикува сексуалната слобода? Единствено кога жените се ослободени од сите материјални тешкотии кои во сегашноста креираат еден вид на двојно зависење од капиталот и од сопругот, дали концептот на  “слобода на избор на партнер” може да се имплементира без да донесе нови опресии, тешкотии за жената која се буди. Како што жените одат на работа и освојуваат економска независност, извесни можности се појавуваат за “слободен избор на партнер”, посебно за интелектуалките жените кои се подобро платени. Но зависноста на жените од капиталот останува, и оваа зависност расте се повеќе и повеќе, и се повеќе жени пролетери се принудени да го продаваат својот труд. Слоганот “слободен избор на партнер” дали е способен да ја подобри жалната слика на егзистенцијата на овие жени, чија заработка е чисто колку да преживеат? Во секој случај, нели “слободниот избор на партнер” веќе се практикува меѓу работничката класа исто така се практикува толку екстензивно при што буржоаската класа не еднаш има алармирано и агитирано против “порокот” и “неморалноста” на пролетеријатот? Треба да се земе во предвид аспектот од страна на еманципираните жени буржуи,  да се потенцира фактот дека феминстките во ентузијастички занес и воодушевување поради новите форми на кохабитација надвор од бракот тие зборуваат за “слобден избор на партнер”, но кога се дискутира за пролетеријатот овие релации се реферирани со презир и гадење како “неуреден сексуален однос”. Ова го сумира нивниот став.

 

Но за жените пролетери во сегашно време сите релации, било да се благословени од црквата или не, носат еднакво тешки последици. Најкруцијалниот проблем на семејството и бракот за жената и мајка пролетер не се наоѓа во прашањето на светињата или секуларната екстерна форма, се наоѓа точно во сервијанството кон социјалните и економски услови кои ги диктираат  комплицираните обврски на работничките, секако дека неа и е од суштествено значење дали нејзиниот сопруг има право да се ослободи од нејзиниот профит, дали тој има законско право да ја принуди да живее со него против нејзината волја, дали сопругот може насилно да и ги одземе децата итн. Секако, не се детерминантни параграфите на граѓанскиот код што ја детерминираат позицијата на жената во семејството, ниту пак овие параграфи кои само ја согледуваат конфузијата и комплексноста на семејниот проблем. Прашањето за релациите ќе престане да биде толку болно за мнозинството жени, само ако опшеството ги ослободи од сите тие ситни домаќински работи што сега се неизбежни (со оглед на постоењето на индивидуални, и дисинтегрирани домашни економии), да завземе одговорност за помладите генерации, ги заштити трудниците и им даде право на мајките да бидат со своите деца барем еден месец после раѓањето.

 

Наспроти легалниот и свет црквен брачен договор, феминистките се борат за фетиш. Од друга страна, жените пролетери водат борба против факторите кои стојат позади модерната форма на бракот и семејството. Стремејќи високо за фундаментална промена на условите за живот, истовремено знаат дека ова влијае врз реформирање на релациите помеѓу половите. Овде ја имаме главната разлика помеѓу буржоаските и пролетерските пристапи кон проблемот за семејството.

 

Феминистките и социјалните реформистки од камповите на бужоазијата наивно веруваат во можноста да се креира нова форма на семејство и брачни релации, одејќи контра темните позадини на модерниот класен систем се врзуваат себеси во чворови низ нивните барања за овие нови форми. Ако самиот живот не ги продуцирал овие форми досега, тие мислат дека е потребно да се визуализираат и да се измислат без разлика на цената која би се платила. Тука тие мислат и веруваат преку модерни форми на сексуални релации, дека се способни да го решат комплексниот проблем на семејството во модерниот социјален систем. Идеолозите на буржоаските кругови, новинарите, писателите и истакнатите жени борци за еманципација една позади друга ја промовираат нивната “домашна аптека”, нивната нова “семејна формула”.

 

Колку утописки овие брачни формули звучат. Колку кревко и слабо овие палијативи изгледаат на светлоста на мрачната реалност на нашата модерна семејна структура. Пред овие формули на “слободни релации” и  “слобода на избор на партнер” да почнат да се практикуваат, повеќе  од мандаторна е потребата од фундаментални реформи на сите социјални релации кои се случуваат помеѓу луѓето; потоа, моралните и сексуални норми и целокупната психологија на човештвото треба да помине низ темелна еволуција, дали модерната индивидуа е способна да се справи психолошки со “слободниот избор на партнер”? Што со љубомората која го јаде дури и најдобриот човек? Што со тоа длабоко вкоренето чувство на припадност, кое не бара само да го поседува телото туку и душата на другиот? Што со неможноста да се има искрен респект за индивидуализмот на другиот? Навиката или да се субординира единката спрема љубениот, или да се субординира љубениот кон единката? И што со горчливото и очајно чувство на дезертерство, на бесконеча самотија, која се искусува кога едниот веќе престанува да чувствува нешто спрема другата индивидуа и заминува? Таа осамена индивидуа ќе пронајде ли утеха? Колективот, со своите радости и разочарувања и аспирации, е најдобриот излез за емоционалните и интелектуалните енергии на поединецот. Но дали модерниот маж е способен да работи во ваков колектив на таков начин што ќе ги чувствува меѓусебните инфлуенции? Дали колективот е навистина способен, сега да ги промени индивидуалните лични сатисфакции? Без “уникатот” “една и единствена” сродна душа, дури и социјалистот, колективистот е осамен во сегашниот антагонистички свет; само во работничката класа ние го гледаме бледиот отсјај на иднината, похармоничен и со повеќе социјални релации помеѓу луѓето. Семејниот проблем е многу комплексен и орнаментиран како и самиот жвотот што е. Нашиот социјален систем е неспособен да го реши тоа. 

 

Поинакви брачни формули се втурнати сега. Неколку прогресивни жени и популарни интелектуалка, брачната унија ја гледаат само како метод за продуцирање на потомство. Бракот за нив нема некоја специфична валуација за жената, потомството е нејзината единствена и света цел, нејзината животна задача. Благодарение на ваквите инспиративни адвокатки како Рут Бреј и Елен Кеј, буржоазискиот идеал кој ја признава жената како жена наместо како личност се здоби со еден ореол на прогресивност. Странската литература го завзеде слоганот кој го проповедаа овие напредни жени со голем ентузијазам. И дури и тука, во Русија, во периодот пред политичката бура (1905), пред да се ревидираат социјалните норми, прашањето за потомството го имаше окупирано целосното внимание на дневните весници. Слоганот “право на потомство” не може а да не продуцира ентузијастички одговор и во најшироките кругови на женската популација. Така да без разлика на фактот дека сите сугестии на феминистките во релација на ова беа од утописки вид, проблемот беше премногу тематски актуелен за да не ги привлече жените да се приклучат.

 

“Правото на потомство” не е прашање што допира само до буржоаските кругови, туку и во поголем размер ги вклучува и жените пролетери. “Правото да се биде мајка”, се позлатени зборови кои удираат директно во целта во “срцето на секоја жена” и прават истото да бие забрзано. Правото да храни “живот” дете со сопственото млеко, и да биде присутна на првото будење, и знаци на будење на свеста, правото да се грижи за неговото малечко тело и да ја штити неговата кршлива и нежна душа од трнливите и агонизирачки први чекори кои ги прави низ животот, која мајка нема да даде поддршка на овие барања?

 

И повторно изгледа наидовме на проблем кој може да служи како момент за унија помеѓу жените од различни класни слоеви; се чини дека, конечно го најдовме заедничкиот јазик мостот кој ги обединува жените од двете непријателски класи. Но да погледнеме уште поблиску, да откриеме што всушност прогресивните жени буржуи подразбираат под поимот “право на потомство”. Тогаш можеме да увидиме дали во суштина жените пролетери може да се сложат со солуциите на проблемот за потомството кои се визуализирани од страна на либералните буржујките. Во очите на овие жедни апологети, потомството добива едно свето значење. Борејќи се да ги искорнат предрасудите кои ги етикетираат жените кои се впуштаат во инстиктивни активности – затруднување – бидејќи инстинктивната активност не била канонизирана од страна на законот, тие борци за правото на потомство го свртија погледот во друга дирекција; па за нив потомството стана животна цел…

 

Посветеноста на Елен Кеј на обврските кон потомството и семејството ја присилија да даде некаква сигурност дека изолирана семејна унија ќе продолжи да постои дури и во социјалистичко трансформирано опшество. Единствено нешто кое би се променило како што тврди таа, би биле сите придружни елементи на комфорт или материјалните добра ќе бидат исклучени надвор од бракот, што би било заклучно според заедничките тенденции, без никакви формалности или ритуали – љубовта и бракот би биле идентични. Но изолираната семејна унија е резултат на модерниот индивидуалистички свет, со својот фрустрирачки брз начин на живот, притисоци, самотија; семејството е само продукт на капиталистичкиот систем. И сепак Кеј се надева да го трансферира семејството во социјалистичко опшество! Во периоди на тешкотии и несреќи, крвната поврзаност и роднинските врски често служат за прибежиште како единствена потпора. Дали тие би биле социјално и морално потребни во иднина? Кеј не дава одговор на ова прашање.  Таа негува преголема љубов и поврзаност кон “идеалното семејство”, оваа егоистична унија на средната буржоаска класа на која таа и се посветува   со огромен поклон од буржоаски аспект и поглед на опшеството.

 

Но не е само талентираната и нерелијабилна Елен Кеј, таа која се губи самата себеси во вакви социјални контрадикции. Не постои друго прашање освен она за бракот и семејството по кое социјалистите се во толкава контрадикција. Дали семејството изумира? или пак постојат некои веродостојни аргументи дека семејниот хаос во сегашноста е само транзитна криза? Дали сегашната форма на семејството ќе биде презервирана сочувана и во идното опшество, или ќе биде затрупана и заборавена со модерниот капиталистички систем? Ова се прашања кои може да добијат многу различни одговори..

 

Со трансферот на едукативните должности од семејството кон опшеството, последната нитка која го држи модерното изолирано смејство ќе биде разнишана; процесот на дезинтеграција ќе продолжи со уште поголема брзина, и бледите силуети на идните брачни релации веќе ќе почнат да стануваат воочливи. Што да кажеме за овие обскурни замачкани силуети скриени од реалноста од денешните инфлуенции?

 

Дали треба некој да се повторува константно дека сегашната компулсивна форма на брак ќе биде заменета со слободна унија помеѓу две индивидуи кои се сакаат меѓусебно? Идеалот за слободен избор на партнер од страна на гладната имагинација на жените кои се борат за нивна еманципација несомнено кореспондира до некој степен со нормите на релации помеѓу половите  кои опшеството ќе ги иницира. Во секој случај, социјалните влијанија се толку комплексни и нивните интеракции се толку различни диверзни па е невозможно да се претскаже какви ќе бидат релациите во иднина, кога целиот систем фундаментално е трансформиран. Но бавната но сигурна еволуција на релациите меѓу половите е видлив и чист доказ дека ритуалниот брак и изолираното семејство се осудени на пропаст и исчезнување.

 

Борбата за Политичка Рамноправност 

 

Феминистките одговараат на нашиот критицизам велејќи: иако аргументите позади нашите ставови за одбрана на политичките права на жената ви изгледаат погрешни, важна е целта на барањето по себе, која е еднакво ургентна цел за феминистките, но за репрезентативките на работничката класа, со самото тоа е редуцирана? Зарем жените од двата социјални кампуси не можат, во интерес на нивните заеднички политички аспирации, да преминат преку бариерите на класниот антагонизам што истите ги разделува? Сигурно тие се способни да водат борба против хостилните сили кои ги опкружуваат? Раздвоеноста помеѓу буржоазијата и пролетеријатот е неизбежна во однос на сите засегнати прашања, но во случајот на ова специфично прашање, феминистките фантазираат дека со жените од различните социјални слоеви немаат разлики. 

 

Феминистките упорно се навраќаат на овие аргументи со горчина и вчудоневиденост, гледајќи со концептуална предрасуда кон лојалноста на партизаните и нивната одбивност и негација да репрезентите на работничката класа да ги спојат силите со нив во борбата за политичкото право на жената. Дали реално проблемот е во ова? 

 

Дали воопшто е присутен комплетен политички идентитет, или пак антагонизмот опструира креирање на една унифицирана нераскинлива надкласна армија на жени во ваква инстанца како и во сите други? Првично мора да дадеме одговор на ова прашање пред да ги истакнеме тактиките кои жените пролетери ќе ги имплементираат во освојувањето на политички права за нив.

 

Феминистките се декларираат себеси дека се на страната на социјалните реформи, дури и некои од нив се дрзнуваат да поддржат социјализам но во далечна иднина, но тие не планираат да се впуштат во борбата на ист ранк со работничката класа за да се реализираат овие цели. Дури и најдобрите од нив веруваат, со некаква невина, наивна искреност дека кога еднаш фотељите на делегатите ќе им се на дофат тие ќе бидат во можност да ги излекуваат сите социјални малигнитети кои од нивна перспектива се развиле поради мажите, со нивниот инхерентен егоизам затоа што биле господари на ситуацијата. Без разлика колку и да се добри намерите на феминистичките индивидуални групи спрема пролетеријатот, секогаш кога прашањето за класната борба е поставено, тие исплашени го напуштаат бојното поле. Тие откриваат дека не сакаат да се вмешуваат во страни каузи, и преферираат да се повлечат во нивниот буржоаски либерализам кој е толку комфорен. 

 

Не, колку и да сакаат буржоаските феминистки да ја потиснат вистинската цел на нивните политички амбиции, колку и да ги убедуваат нивните помлади сестри дека вклучувањето во политичкиот живот носи ветувања за немерливи бенефити за жените на работничката класа, духот на буржоазијата кој преовладува низ целото феминистичко движење им дава на класите различна боја дури и на барањето за еднакви политички права со мажите, кое изгледа дека е генералниот демант на жената. Различните цели поимања на тоа како се користат политичките права креираат непремостив бран помеѓу буржуите и жените пролетери. Ова не контрадиктира на фактот дека одредени задачи на двете групи на жени коинцидираат до одреден степен, за репрезентативците на сите класи кои добиле пристап до политичка моќ и се трудат над се да добијат евалуација од граѓанскиот законик, кој во секоја држава дали во големи или во помали пропорции, ја дискриминираат жената. Жените вршат притисок за правни промени кои креираат подобри услови за работа за нив; тие стојат заедно против регулациите за легализација на проституцијата итн. Во секој случај, коинциденциите на овие заеднички цели се од чисто формална природа. Бидејќи класниот интерес е оној кој го детерминира ставот и пристапот на овие две групи кон овие реформи и е многу контрадикторен.

 

Класниот инстинкт – или како и да го нарекуваат феминистките – секогаш се покажувал дека е многу помоќен отколку благородниот ентузијазам на “над-класна” политика. Па се додека жените буржуи и нивните “помлади сестри” се еднакви во нееднаквоста, првите можат со комплетна искреност да направат големи напори за да ги одбранат генералните интереси на жените. Но кога фасадата ќе падне и жените буржуи ќе добијат пристап до политичка активност, истите тие бранителки на “правата за сите жени” ентузијастично ќе почнат да ги бранат интересите на сопствената класа, принудени да ги остават своите помлади сестри без апсолутно никакви права. При што, кога феминистките зборуваат со работничките за потребата од заедничка борба со цел да се реализираат некои “генерални женски” принципи, тогаш жените на работничката класа со право се скептични и не им веруваат.

 

 

Your Header Sidebar area is currently empty. Hurry up and add some widgets.